07.02.2022
Модерен стан во Битола идеален за краток и долг престој во градот
Модерен стан во Битола идеален за краток и долг престој во градот
Уште едни домаќини ги отворија своите врати за светот на Кајак.мк. Денеска ве радуваме со веста дека во нашата база имаме уникатен стан во Битола во кој може да престојувате во текот на цела година.

Станот се наоѓа во непосредна близина на новото рекреативно место познато како „Кај Авионите“ (Турското Џапене тврдина изградена во Отманското време). Воедно ако сте љубители на планинарењето, постои можност домаќините да ви организираат тури со професионални водичи и да се искачите на врвот Неолица, Големо Езеро, врвот Пелистер, во зависност од временските услови и Вашата кондициска спремност. Но, ако сте повеќе заинтересирани за гастрономско искуство и истражување на градот, тогаш оваа сместување е идеално да направите скршнување од вашето постојано живеалиште и да се вдомите на нова локција. Звучи кул, зарем не?

Домаќинот Бојан вели дека станот е дизајниран во модерен стил кој плени со својата топлина и амбиент. Она што е „бонус“ на сместувањето е прекрасниот поглед кон Баба Планина и нејзиниот врв Пелистер. За љубителите на културата и историјата, слободното време може да го поминат во музејот на Кемал Мустафа Ататурк, Хераклеа, Широк Сокак и слично. Домаќините ги имале предвид и гостите кои би дошле овде за да одморат, со тоа што приклучиле Netflix за подобар престој.

Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт телефон, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Kristina
29.01.2023 14:12
Smestuvanjeto beshe odlicno i mnogu blizu do sirok sokak. Bojan e odlicen i gostiprimliv domakin. Super e za grupa od 5-6 luge i ima se sto bi vi trebalo.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!