01.09.2022

Првото сместување во Богданци од денеска достапно на Кајак.мк

Првото сместување во Богданци од денеска достапно на Кајак.мк

Среќни сме што нашата база секојдневно се шири, а уште посреќни што додаваме сместувања од нови градови, дестинации и места коишто можеби никога не сте помислиле дека да ги посетите.

Денеска сакаме ве информираме дека во нашата база може да се најде првото сместување од Богданци, за кое домаќините велат дека се наоѓа на одлична локација, мирна средина и недалеку од центарот на градот.


Домаќините на сместувањето велат дека секој апартман има посебен тоалет и купатило, клима уред, wi-fi, телевизор, мини бар, кафе.

Доколку се прашувате што треба да посетите во околината, тогаш наш совет е да го посетите езерото Паљурци кое се наоѓа во околината на градот, а недалеку од апартманите е Дојран која за нас е една од најдобрите гастрономски дестинации.


За љубителите на планината, Кожуф и атракциите на Кожуф ви се на дофат, а денот можете да го поминете во истражување и на Валандовскиот регион.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации за сместувањето и да стапите во контакт со домаќините, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.