29.07.2021

На туристите во Крушево им нудиме нов авантуристички парк

На туристите во Крушево им нудиме нов авантуристички парк

Еј дечки! Крушево добива уште една нова атракција, а која отсега ќе биде причина повеќе за да го посетите највисокиот град на Балканот.

Во пресрет на фестивалот „WhenInKrushevo“ тимот на Кајак.мк разговараше со Кирче Ристески, човекот кој се потпишува на новиот авантуристички парк во градот.


Како што вели Ристески, инсталацијата на адреналинскиот парк е пред самото финиширање, а наскоро се очекува и официјално отварање. Паркот е лоциран непосредно до скијачката патека и Алто Лаунџ барот на Станич. Покрај постојниот пат до локацијата, Панорама Хотел & Спа од неодамна изградија и пуштија во употреба нов пат до паркот за уште полесен пристап за посетителите. Но да биде авантурата уште позабавна до паркот се доаѓа и со жичарница која поаѓа од градот. Интересно зарем не?

Паркот, според Ристески е наменет за да го искачи активниот туризам на скала погоре, а со тоа да привлече многу повеќе туристи.

Ова е најголемиот парк од ваков вид во Македонија. Се протега на 3000 квадратни метри во прекрасната крушевска корија. Дизајниран е да предизвикува чувство на возбуда, а при тоа е целосно безбеден. Инсталацијата ја вршат експерти од Бугарија и истата потоа ќе биде дополнително сертифицирана од ЕУ компанија која работи во оваа сфера. На поширока територија околу паркот наскоро ќе бидат изградени и патеки за планински велосипедизам од светска класа.

 

Паркот располага со понуда од содржини која не може да се најде на друго место во Македонија. Во него има т.н rope line - мрежа од јажиња поставени на височина помеѓу дрвјата, по кои се движите. Оваа рекреација ви го активира целото тело, но и умот, бидејќи треба да се фокусирате. Исто така, не постои можност да се падне или да се повредите бидејќи пред да се искачите во височините одговорните на паркот ви опремуваат со безбедносна опрема.


По користењето на роуп лајнот, ви претстои возбудливо спуштање назад до почетната точка со zip line. Постојат два, едниот подолг, а вториот е пократок и е наменет за деца и за возрасни во должина од 150 метри.


На локацијата има и пирамида од јажиња, како и вештачка карпа од 10 метри за искачување. Да се изоставува и go-cart триколките за фантасично спуштање по скијачката патека. Со самото спуштање ски лифтот ве влече назад со триколката за нов круг. На посетителите на располагање им е кошаркарски терен, како и Алто Лоунџ барот за одмор и релаксација.


Бенефитот од користењето на паркот е здравјето и физичката активност. Покрај паркот, Panorama All Seasons Adventure организираат и авантуристичко сафари по Бушева планина со амфибија која ве води до планинскиот срт, каде преку зима има можност за скијање по диви патеки или уживање во погледот.

Сигурно ви стои возбудливо сето ова. Резервирајте престојување во некои од приватни сместувања кои се дел од светот на Кајак.мк.

Сите нив може да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!