26.07.2021
WhenInKrusevo повторно се враќа со адреналинска програма и концерти на најдобрoто outdoor дружење во најoutdoor градот на Балканот!
WhenInKrusevo повторно се враќа со адреналинска програма и концерти на најдобрoто outdoor дружење во најoutdoor градот на Балканот!
Кога се уште размислуваме каде да прошетаме во месец август, тимот на Кајак.мк ви го потенцира Крушево како предлог дестинација. Покрај приватните сместувања кои се огласени на Кајак.мк, а кои можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ, сакаме да ве информираме дека од 6-ти до 8-ми Август ќе се оддржи фестивалот „WhenInKrusevo“.
Понудата на тури и
активности вклучени во картата од 500
денари е збогатена со нови содржини и многу активности, вклучувајќи планински и велосипедски тури, карти за
посета на три музеи и кампинг простор. Покрај овие активности, учесниците
ќе добијат попуст за параглајдинг,
јавање на коњи и кајак и SUP, а оваа година ќе имаат и можност да
учествуваат и да го проследат интернационалниот настан Krushevo Trail Challenge (повеќе инфо на истоимениот настан на
Facebook).
Музичката програма
резевирана за вечерна забава до раните утрински часови, ќе биде исполнета со
добро познатите рок бендови BackdoorBand
и TheHounds, претставувајќи ги своите хитови, од кои и најновиот на TheHounds – Тишина. Организаторот
најаува уште еден голем концертен спектакл за прв пат во Крушево, кој ќе биде
откриен наредните недели!
Од диџејската
програма, главниот носител ќе биде диџеј
Галоски кој успешно ја гради својата кариера на интернационално ниво. Тој
ќе се претстави со неговите добро познати техно траки како и промоција на
своите најнови хитови, меѓу кои и
Casualty која добива милионска слушаност на Spotify. Исто така програмата
ќе биде дополнета со поддршка од локалните
диџеи и DJ Babura Junior, особено познат на помладата публика.
За големиот број на заинтересирани учесници ќе биде обезбедена посебна
камп зона со сите потребни услови, а секако на располагање ќе бидат и
приватните и хотелските капацитети во Крушево.
Цената за карта за
ова незаборавно тридневното држење во Крушево е 500 денари (400 денари за групна карта 4+1), која може да ја купите на продажната
мрежа на MkTickets (www.mktickets.mk) и да се пријавите за учество на wheninkrusevo.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.