08.02.2024

Создаваме квалитетни ракии од македонска слива, јаболка и грозје

Создаваме квалитетни ракии од македонска слива, јаболка и грозје

Тимот на Кајак.мк е среќен што ќе ве запознае со Стефан, човекот кој стои позади новата дестилерија „Царева“, местото од каде „извира“ новиот вкус на печена ракија од грозје, слива и јаболка.

Пред да ја раскажеме приказната за дестилеријата, сакаме да ви потенцираме дека ракијата од денеска е достапна во продавницата на Кајак.мк и истата можете да ја нарачате со еден клик ОВДЕ.


Стефан вели дека неговата фамилија се занимава со земјоделие уште многу одамна, особено со лозарството и овоштарството. Нивното работно искуство ги поттикнало да формираат земјоделско стопанство каде јаболката и грозјето ќе ги продаваат како свежи овошја, но бидејќи цената на произодите била ниска, а пласманот нестабилен, во 2023-та година одлучуваат да го финализираат овошјето во краен производ.

Денеска, тие имаат регистрирано дестилерија под име „Царева“, кое име го носела нивната најстара баба.


Бабата Царева, била најстарата домаќинка во куќата каде живееле тројца браќа со своите жени. Царева немала свои деца, но постојано водела грижа и придонесувала за нивната фамилија, што во нејзина чест е именувана и самата дестилерија

Дестилеријата се наоѓа во Клименштани- охридски регион кој е познат по производството на квалитетно грозје и овошје и каде природните услови се идеални за одгледување на овошје. На надморска висина од 700 метри, овој предел има природна киселка почва што придонесува за квалитетна ракија.

Семејството Димитриески обработува земјиште од 25000 м2, на кое има засадено грозје од сортата жуплјанка, хамбург, рекацители и прокупец, сливи од сортата стелни и лепотица, јаболка од сортите златен и црвен делишец, ајдарет и јонаголд.

Дестилеријата произведува неколку типови ракија и тоа: Ракија од грозје ,слива и јаболко; бели и жолти. Белите се 50 степени, а жолтите 40-43 степени. Главниот рецепт е стариот, традиционалниот рецепт преку кој моите дедовци произведувале ракија, но имаме додадено и наши иновации кои придонесуваат за вкусот и квалитетот на ракијата.


За вкусот и квалитетот на ракијата зборуваат и наградите кои ги имаме освоено на мегународен натпревар во Кавадарци каде учествуваа производители од Србија, Бугарија и Словенија. Златен медал доби лозовата ракија, а сливата сребрен и бронзен, раскажува Стефан.


Нивната визија е да се унапредат и да создаваат македонски производи кои ќе бидат синоними за квалитет, традиционалност и заштитен знак за Охрид и Македонија. Тие имаат основано и винарија во која очекуваат производството на виното да започне од годинава.

Нивните производи можете да ги нарачате до ваша домашна адреса, погледнете ги сите со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?