09.07.2023
Во Охрид има прекрасен приватен балкон на кој се служат уникатни локални специјалитети
Во Охрид има прекрасен приватен балкон на кој се служат уникатни локални специјалитети
За луѓето со стил и луѓето кои бараат уникатни скривалишта каде ќе може да уживаат заедно со своите најблиски, тимот на Кајак.мк е среќен што ве запознава со уште една локална хероина која преку своите специјалитети го промовира Охрид како одлична гастро дестинација.
Приказната на Славица ќе ви ја раскажеме од балконот на нејзината семејна куќа која се наоѓа во стариот град на Охрид, а која од денеска е ново гастро ќоше на кое ќе можете да уживате.

Славица вели дека е љубител на подготвување и декорирање униктна храна. Ваквиот талент и желба да создава нешто ново и поразлично го препознале нејзините роднини и пријатели кои и дале идеја да отпочне со мал бизнис преку кој ќе им овозможува на останатите гости да уживаат во вкусниот залак и во прекрасниот амбиент.

Балконот на Славица се наоѓа на 5 минути од градскиот плоштад на Охрид, а таа целокупниот концепт го именува како „Fresh Fine Divine“.

На прашањето каква храна најчесто служи, Славица ни одговори дека тоа се производи кои ги растат на охридското поднебје, а кои се комбинираат во разни домашни јадења кои се поразлични од јадењата што се слушат во рестораните. Посебно уникатно е спремањето на риба по стари, веке заборавени охридски рецепти, додава таа.

Капацитетот на
гости кои може да бидат на една трпеза е до 10 лица, а групата може да остане
од 2 до 3 часа, колку што и трае ручекот со презентацијата.
Точната локација,
како и контакт број за резервација можете да најдете преку нашата гастро база
или со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!