Постот не постои

05.12.2022

Етно вила во Македонија во која мора задолжително да престојувате

Етно вила во Македонија во која мора задолжително да престојувате

Имаме многу уникатни етно вили на Кајак.мк, но вилата која денеска ја додаваме во нашата база има огромно значење за нас. Причината поради која оваа етно вила има огромно значење е нејзината локација!


Сместена во срцето на Мариово, поточно во село Зовиќ. Вилата е чувар на традицијата на мариовскиот крај. Уникатниот ентериер ќе ве внесе во нова димензија и ќе ве натера да останете затворени во приказната.


Таа е изградена во модерен етно стил кој ја доловува автентичноста, а сепак е наменета да одговори на сите потреби на модерниот авантурист.


Во непосредна близина на сместувањето се наоѓа познатиот филмски мост кој често го среќаваме во филмовите на нашиот познат режисер Милчо Манчевски. Опколена е со многу велосипедски патеки и предели за планинарење, а овде ќе ја доживеете и приказната на Калеш Анѓа. Пределот нуди можност за рекреативен риболов, манастирски тури, капење преку лето и истражување на околните села.


Вилата е идеална за едно семејство со две деца. За родители авантуристи и истражувачи кои сакаат да ги запознаат своите деца со руралната убавина на мариовскиот регион.


Располага со една спална соба, дневна просторија со голем чардак, опремена кујна и простран двор. Спалната соба е со еден брачен кревет и два единечни кревети.

Повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!