09.06.2021
Изнајмете ја ова селска куќа опколена со домашни животни и градина
Изнајмете ја ова селска куќа опколена со домашни животни и градина
Еј екипо! За вас имаме одличен предлог за бегство и засолнување во село. Од денеска, базата на Кајак.мк се надополнува со уште една куќа стационирана во село Русиново. Ве запознаваме со домаќинот Војо кој ги отвори вратите за светот на Кајак и ни објасни кои се предностите доколку престојувате овде.

Селото Русиново се наоѓа во областа Малешевија во средишниот дел на територијата на Општина Берово, под северната падина на Малешевските планини. Ова село е ридско на надморска височина од 900 метри.

Војо вели дека ова село е сон за секој велосипедист и љубител на природата. Опколено е со прекрасна борова шума, низ која има патеки за возење велосипед. Низ шумата има доста обележани и необележани диви планински патеки кои се предизвик за сите планинари.

На само неколку километри од Русиново се наоѓа врвот Петлец кој може да биде ваш предизвик да го посетите доколку престојувате во домот на Војо. Ова сместување може да биде појдовна точка за сите велосипедисти кои имаат намера да го посетат Беровското езеро, Пехчевските водопади, Абланица, Сувилак и други околни места.

Во дворот на куќата
има фурна која може да ја користат гостите, а исто така постои можност домаќинот
да ви подготви традиционални локални јадења доколку вие изразите желба.
За патниците кои
бараат здрава храна, треба да имаат предвид дека во дворот на куќата има зелена
градина, која во зависност од сезоната располага со органска храна. Исто така
има и домашна фарма каде гостите може да земат домашни и здрави јајца.
За туристите кои имаат
домашни миленици, добрата вест е тоа што Војо дозволува влез на милениците, а
пак за луѓето- бајкери, вилата си има своја промотивна цена.
Повеќе информации
за сместувањето, цени и фотографии, може да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!