09.06.2023

Во Македонија има домаќинство кое организира приватни гастрономски искуства

Во Македонија има домаќинство кое организира приватни гастрономски искуства

Повеќето од вас за првпат ќе го слушнат називот на село Сирково, но за тимот на Кајак.мк, Сирково е гастро дестинација која треба задолжително да се посети. Овде нема индустриски капацитети, нема широки булевари, нема изобилие на автомобили, но затоа има домаќини со големо срце.


Тимот на Кајак.мк ве информира дека селското домаќинство „Атанасови“ од денеска е дел од нашата база на Гастрономија, а кое можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ.

Дел од вас сигурно се прашувате како функционира концептот на ручек во селско домаќинство, па затоа ние ќе се потрудиме да ви дадеме неколку причини поради кои треба да ги посетувате ваквите домаќинства ширум Македонија.

Селските домаќинства во Македонија имаат таков мир по кој компееме кога посакуваме да побегнеме од секојдневието, да бидеме поблиску до природата и да почувствуваме како таа дише.


Домаќинот Виктор кој ги отвори портите на својот простран двор во село Сирково вели дека е залудно да се објснува причината поради која дедовците ни остаат во наследство вакви селски имоти. Како и повеќето, така и Виктор, дошол во Сирково со своето семејство и одлучиле да останат засекогаш.


За Кајак.мк вели дека немаат луксузна палата, туку стара куќа која одлучиле да ја реновираат. Со чардак од кој се гледа само природата и селската црква и со мала бавча покрај дворчето каде одлучиле да засадат се што им посакала душата.


Во домаќинството Атанасови највкусни се патлиџаните и пиперките кои не се одгледувани со разни хемикалии, а самата миризба од младите ластари во раните утрински часови ја храни душата на гостите. Покрај здравите домашни плодови, Сирково изобилува со диви плодови кои се богатство на природата. Оние кои не се во можност да трагаат по нив, овде е мармаладот од шипинки кој го произведува семејството Атансови.


Ова се само дел од околностите кои ги поттикнале Атанасови да го отворат својот дом за сите гости. Наша препорака е да ги понесете вашите дечиња да уживаат во пространиот двор, додека домаќините ви ја подготвуваат вкусната традиционална храна која е состав од домашни или локални производи. Мирисот на дименото месо и домашното лепче печено во фурната е јаготката на шлагот во домаќинството Атанасови, а за оние бараат повеќедневен спокој треба да имаат предвид дека домаќинството Атансови имаат свое сместување кое од денеска е дел од базата на Кајак.мк, а кое можете да го погледнете со еден клик ОВДЕ.

Доколку сакате да резевирате гастрономско искуство, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!