20.12.2021
Започнавме како мала пицерија, а изградивме цел хотел
Започнавме како мала пицерија, а изградивме цел хотел
Во Македонија има приказни кои го заслужуваат сето наше внимание, а кои приказни треба да бидат уште една лекција за тоа дека може да успееме во Македонија доколку бидеме упорни и трпеливи.
Во овој студен декемвриски ден ќе ви ги загрееме срцата со приказната на Никола Трпеновски, човекот кој прв го отвoра пица барот „Капри“ во Стара Битолска чаршија во далечната 1995-та година.

Раскомотени во модерниот бар на хотелот „Капри“ и со топол чај во рака, тимот на Кајак.мк уживаше слушајќи ја приказната за господинот Никола, која низ сеќавања и фотографии ни ја долови неговата ќерка Андреа. Поимот „Капри“ за Андреа е животна пасија, љубов и водилка, нешто кое ја охрабрува да продолжи и понатаму да се труди и покрај тоа што пандемијата му пркоси на туризмот и угостителството.

Андреа ни раскажува дека од самото отварање на пица барот „Капри“, поминале само три години за тој да прерасне во ресторан со капацитет до 120 луѓе и на нова локација.

Семејната љубов и вечната грижа кон фамилијарниот бизнис им овозможуваат одличен развој на бизнисот.
„Заложбата да се бидете успешни во тоа што го работите еден ден ќе ви се врати со огромна почит од гостите и секако со можност да се вложите уште повеќе во приказната“, додава Андреа.
Фото: Првиот изглед на „Капри“ во 2005-та година.

Доброто менаџирање и посветеноста ги крунисуваат со темелите на нивниот прв објект каде по шест години го преселуваат ресотранот и продолжуваат да градат своја приказна на нова локација во свој објек.
Новиот објект е изграден надвор од градскиот метеж, каде гостите може да уживаат во мирна и тивка област. Новиот објект е пуштен во употреба во 2005-тата година во кој работи само ресторанот со капацитет за 100 лица. По само четири години започнува да фукнционира и хотелот кој е во склоп на истиот објект кој денеска има капацитет од 20 соби и семинарска сала.

Во рамките на коплексот има банкет сала за свечености со капацитет до 300 гости, „А ла карт“ ресторан со капацитет до 100 гости, прекрасна отворена тераса со поглед кон градината и детско игралиште што впрочем се најновите делови од хотелот изградени во 2021-ва година.

Вработениот персонал во „Капри“ е дел до фамилијата повеќе од 10 години, а тоа е нешто кое не прави да се чуствуваме горди на нашата работа. Најважно од се е секој којшто ќе стапне во нашиот објект да биде среќен. Без разлика дали ќе биде на работно место или пак гостин, во „Капри“ важи правилото сите да бидеме среќни, вели Андреа.

Предноста на хотелот е што се наоѓа во подножјето на Баба планина или на 5 километри од ски центарот Ниже Поле, а 9 километри од Пелистер. За патувачите кои сакаат денот да го поминат на планина, а ноќта во градот Битола, тогаш може да кажеме дека „Капри“ е идеална опција за престој.

Околината на хотелот е доста тивка, дел од собите нудат прекрасен поглед кон Пелистер а дел кон градот Битола.
Дека хотелот е идеален за одмор и реклаксација се честите престојувања на многу познати домашни и балкански имиња. Почнувајќи од ракометниот Клуб „Вардар“, Лепа Брена, Саша Ковачевиќ и многу други.

Сигурни сме дека сакате да дознаете повеќе информации за хотелот, да погледнете повеќе фотографии и да резервирате престој. Доколку сакате повеќе инфо за сместувањето, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)