07.12.2022
Престојувајте на падините на Кожуф: Воздушна бања во село Серменин
Престојувајте на падините на Кожуф: Воздушна бања во село Серменин
Уште една уникатна дестинација која од денеска е дел од базата на Кајак.мк, а каде можете да престојувате со цело ваше семејство и пријатели. Она што ја прави дестинацијата уникатна е самиот ресторан кој се наоѓа во склоп на сместувањето, а каде се подготвуваат локални традиционални јадење. Што со еден збор би рекле, ова може да биде ваше вистинско гастрономско искуство.

Ние денеска разговаравме со домаќинката Васка, која ги отвори вратите за светот на Кајак.мк и која додава дека селото е идеала дестинација за луѓето кои бараат мир и тишина. Самото село Серменин е воздушна бања. За време на отоманската империја во самото село имало болница за бронхијални, асматични и туберколозни заболувања, баш поради самите здравствени придобивки кои ги има селото.

Во самото селце се наоѓа водопадот Вера, за кој тимот на Кајак.мк со гордост пишуваше, а кој водопад и уредена површина НАПОМЕНУВАМЕ дека треба да биде чувана и негувана од сите вас кои во моментот го читате текстот и утре ќе се одлучите да го посетите селото!


Вилата
„Серменински чардак“ има капацитет да собере 13 лица. Идеално сместување за
мали тим билдинг патувања, идеално сместување за семејства кои сакаат да ги
прошетат своите деца во природа, а во Гевгелија верувајте дека шансите да ве
дочека сонце во текот на цела година се големи.
Повеќе информации,
фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
БОШКО ЈОШЕВСКИ
23.08.2023 17:12
Прекрасно место за одмор.Сместување прекрасно,прекрасна традиционална кујна и секако прекрасни Домаќини Звонко и Васка
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.