14.10.2022
Предлог викенд дестинација: Беровското Бачило кое 25 години произведува квалитетно сирење
Предлог викенд дестинација: Беровското Бачило кое 25 години произведува квалитетно сирење
25 години сме
поврзани со сточарството, а тоа не поттикна да одиме чекор напред, вели Филип од ресторанот „Бачило“ кој од денеска е дел од базата „Гастрономија“ на Кајак.мк
Има многу семејни
мали кои се отворија во време на пандемијата, а за кои тимот на Кајак.мк гордо
пишал и ги поддржувал.
Денеска имаме уште една приказна, која овојпат своето место го добива во категоријата „Гастрономија“ а која дестинација можете да ја посетите и да дегуситрате разновидна храна.

Ние разговаравме
со Филип, млад член на ресторанот „Старо Бачило“. Филип вели дека нивната слатка
семејна приказна започнала да живее на 17.07.2021 година, а името го добива од
бачилото кое се наоѓа во склоп на ресторанот, а каде се одгледуваат овци и се
произведува вкусно овчо сирење.
Тој додава дека неговото семејство гради 25 годишна традиција во соодност со сточарството, а тоа ги поттикнува да отпочнат со нов ресторан кој ќе нуди нешто што го нема во Берово и Малешевијата.

Покрај бачилото, уникатен е амбиентот и ентериерот на локалот кој на гостите им дава мир и ги враќа назад во минатото како што било некогаш во Берово и Малешевијата. Од друга страна пак, храната која се служи овде е секогаш свежа и домашна, вели Филип.

За гастрономите кои го додаваат „Старо Бачило“ на нивната листа на посети, Кајак ги советува да ги вкусаат „Клисите во бакарна тава“, повеќето разни видови компир и секако сирењето.

Филип вели дека
гостите кои го посетуваат локалот, секогаш си заминуваат со полн стомак и насмевки,
а позитивните коментари нив ги прават среќни.
Доколку сакате да
погледнете точна локација и контакт за резервации, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Snezana m
15.10.2022 16:21
Go posetivme vo avgust, imase normalna poseta ne mnogu guzva a bevme posluzeni kasno so izgovor deka ima mnogu guzva, jadevme na rati, prvo salata namesto kafe koe morav me 3 Pati da go poracame, potoa kompir, lebot poracam platen ne go donesoa I na kraj mesoto, neljubezen personal I za mene ne zasluzuva povtorno poseta
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!