19.10.2020
Ѓорѓи Митревски организира еднодневни пикник тури на 1900 метри надморска височина
Ѓорѓи Митревски организира еднодневни пикник тури на 1900 метри надморска височина
Дали се сеќавате на вила „Forest“ која се наоѓа скриена на Мавровското езеро помеѓу високата шума. Кајак.мк ве запознава со сопственикот на вилата која може да ја резервирате приватно, а кој воедно организира и достра атракции во околината за своите госи.
Ѓорѓи Митревски е скопјанец кој со својата „Лада Нива“ која работи на плин и не ја загадува околината организира еднодневни „Off Road тури“ низ прекрасните планински предели на Бистра, Шара и Кораб. 
Турата започнува од Маврови Анови каде гостите може да бидат сместени во неговата „Forest“ вила за која пишувавме пред некој ден. Потоа возејќи по патот кон Галичник, на Царевец се скршнува над скијачките терени, па се продолжува по планински пат преку бескрајните пасишта на Бистра.
Патот води низ неколку бачила а глетката асоцира на море од зелени врвови населени со стада овци. Пауза за пикник тој организира на планинските врвови со 1900 метри надморска височина каде во зависност од сезоната може да се собираат чаеви, печурки, боровинки и други шумски плодови.
По оброкот и починката, турата продолжува низ буковата шума по течението на прекрасната планинска река која се спушта кон Лазарополе, од каде повторно се приклучува на асфалтниот пат кон реката Радика, по чие течение се посетува и Бигорски Манастир и Куќата на Мијаците за кафе пауза.
Турата трае околу 6-7 часа, а е одлична за запознавање на целиот регион, особено за луѓето кои не се активни спортисти и не се во можност преку планинарење или со велосипед да ја истражат планината.
Погледнете ја вила „Forest“ каде има телефонски број за контакт од Ѓорѓи: |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
