02.06.2021

Израснавме со коњи, а денеска тие ни се наш извор на финансии

Израснавме со коњи, а денеска тие ни се наш извор на финансии

Ако пребарувате на светски туристички платформи за тоа што би правеле во Македонија во Јуни, добиете многу предлози поврзани со тури со коњи. Секој странски турист кој ја посетил Македонија и се одлучил да појде на тура со коњи вели дека тоа му помогнало да ја доживее земјата на еден поинаков начин.

Ако не прашате нас, кое е најдоброто време за ваквите тури, нашиот одговор ќе биде: ДЕНЕС!

Летото во Македонија има своја предност. Зелените планини, топлото сонце, зеленчукот и овошјето кои растат под нашето поднебје и топлиот гостопримлив народ кој може да ви организира доста интересни еднодневни авантури ширум државата се само дел од аргументите на нашиот одговор.

Денеска ќе ве запознаваме со уште еден наш локален херој. Халил Џемаили е млад човек кој од денеска е дел од базата на луѓе кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот во Македонија.


Халил поседува фарма на која се одгледуваат околу 50 коњи. Тој ни раскажува дека светскиот тренд на јавање коњи го поттикнува да започне да се занимава со организирање на тури во западниот дел на државата. Според него, жално е убавината на Шара да не биде прикажана на што е можно поголем број туристи.


Од тие причини, тој заедно со неговата фарма пред три години одлучиле да отпочнат со тренирање на дел од коњите токму за ова намена. Денес, тие организираат разни тури на туристи од Македонија и странство.

Неговиот тим е именуван како „Horse Riding 1th of May“ и често може да се сретне во околината на црквата на Попова Шапка, бачилата на Шипковица, локалитетот Јелак, бачилото „1-ви Мај“ на Целипашина, Лешница, Боговинско Езеро и други локалитети кои ќе ги посакат туристите.


Покрај турите, Халил вели дека битни се обуките кои ги држат за јавање коњи. Секој кој ќе се реши да се приклучи на нивните тури, претходно ќе добие кратка обука, а исто така ќе добие и опрема како кацига и чизми за јавање. На долгите тури, како што е турата до бачилото „1-ви Мај“ присутните добиваат и бесплатен ручек.


Турите ги организатаат четири млади и искусни момчиња кои целиот свој живот го поминале во работа со коњи. Коњите кои ги поседуваат се доста мирни и се од раса која потекнува од овој крај. Според Халил, тие се добро истренирани да движат по сите патеки кои се дел од нивната понуда.


Тој е среќен што интересот кај туристите од година во година се повеќе расте. Ова им е трета година, а за овој краток период добиле многу туристи од Албанија, Косово и Бугарија.

Халил ги кани сите заинтересирани да го контактираат на телефонскиот број: 076 266 026, бидејќи како што вели тој, само различностите и пријателствата ќе ја изградат вистинската слика за Македонија. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.