08.02.2023
Прекрасен ресторан на реката Треска: Нов предлог викенд дестинација!
Прекрасен ресторан на реката Треска: Нов предлог викенд дестинација!
Анкетата која ја започнавме на нашата фејсбук група „Туризам во Македонија“, говори дека повеќето Македонци го очекуваат пристигнувањето на пролетта за да отпатуваат некаде низ државата. Сите оние кои се љубители на топлото време, зелената боја на дрвцата и уживањето покрај вода, треба да ја имаат предвид нашата нова препорака за викенд гастро дестинација.
Денеска, караванот
на Кајак.мк ве води во село Долни Манастирец во општината Македонски Брод. Многумина
го знаат селото по ресторанот „Извор“ кој е изграден на брегот на реката
Треска.
„Извор“ е новата гастро дестинација која ја додаваме во базата на „Гастрономија“, а точната локација, координатите, како и телефонски број за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

За ресторанот Извор
се вели дека е изграден од страна на браќата Владо и Јане кои заедно со сопругите
успеваат да создадат нов модерен ресторан од пепелта на старата руинирана
воденица која се наоѓала на самото место.
Студената и брза вода која се спуштала од планината некогаш ги вртела воденичките камења и мелела пченица за потребите на локалните мештани. Денеска благодарение на трудот и желбата да се развива туризмот во регионот, се гради модерен угостителски објект низ кој течат изворите.

Ресторанот е
оддалечен околу 15 километри од Македонски Брод, а вашето патување во регионот
можете да го искомбинирате со посета на слатинските водопади.
Информации за резервации,
фотографии и точна локација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!