03.03.2023

Оваа не е дворче во Италија: Ова е винарска визба во Македонија

Оваа не е дворче во Италија: Ова е винарска визба во Македонија

Сигурно сте забележале дека на Кајак.мк споредуваме многу места од Македонија со познати туристички дестинации ширум светот. Сето оваа го правиме се со цел да ви докажеме дека во Македонија има прекрасни места кои заслужуваат да ги посетите и места кои ќе ви понудат едно поинкаво искуство.


Денеска, Ве водиме во една прекрасна градина, која доколку ги погледнете фотографиите сигурно би рекле дека станува збор за градина во Италија или можеби пак во Франција. Сепак, градината е во склоп на винарската визба Винар од Скопје, во која веќе подолго време се организираат разни настани.

Ако нѐ прашате нас од Кајак.мк, која дестинација би ви ја препорачале во околината на Скопје за организирање на семејни или коорпоративни настани, тогаш дефинитивно една од нив би била градината на винарската визба Винар.


Винар од денеска е наша нова гастро дестинација, а телефонски контакт и точна локација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Винаријата се наоѓа покрај самиот кеј на реката Вардар во населбата Ѓорче Петров. Ние разговаравме со Мила, која ги отвори портите на винаријата за светот на Кајак.мк. Таа вели дека винаријата е основана во 2004-та година, а во моментов имаат производство со годишен капацитет од 50,000 литри високо квалитетно вино. Сите вина се произведени од најквалитетно грозје со достигната технолошка зрелост по кое го носат името.

„Во 2006-та година Винар започна со производство на високо квалитетни вина во дрвени француски „barrique“ буриња, со кое се овозможува вината да се одликуваат со посебна препознатлива и уникатна арома“.


Денеска гостите може да дегустираат Кабернет Совињон Барик кое е суво црвено вино со пурпурно црвена боја, дискретна овошна арома со траги на зачин, дрво, вишна, малина и суво овошје. Овде се и барикниот Вранец, Мерло во лимитирана бројка, барикното Сира вино, како и Ризлингот.


Што се однесува до самиот простор на винаријата и прекрасното пространо дворче, од винаријата велат дека се секогаш добредојдени за организирање на било какви семејни или коорпортативни настани. Теренот е достапен со автомобили или автобуси, а покрај отворениот просот, винаријата има и свој затворен простор кој функционира во текот на студените денови.

Остави Коментар

Коментари

  • ZLATE ANGELKOSKI

    08.03.2023 08:03

    Cestito za sopstvenicite. Prekrasna idea realizirana vo najubav I prekrasen ambient Pozdrav Sydney Avstralija. Se nadevam ke ve posetime Eden den. Zdravje

  • Julija Nikolovska

    05.03.2023 09:03

    Bravo

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!