24.01.2021
Сместување на Копаоник со прекрасен снежен поглед кон бесконечноста
Сместување на Копаоник со прекрасен снежен поглед кон бесконечноста
Денеска додаваме уште едно сместување на Копаоник. Станува збор за Milmari Resort 3+* апартмански комплекс во кој се наоѓаат прекрасни и модерни апартмани. Ресорот се наоѓа во викенд населбата на 7 километри од ски- центарот.

Она што треба да го знаете е фактот дека на Копаоник се патува околу 4 часа од границата, а за влез во Србија не е потребен PCR тест.

Апартманите се опремени со кујна и тоалет, а дел од нив располагаат и со тераси. Во самиот комплекс има ресторан каде може да уживате во традиционалните специјалитети, а самиот комплекс има и базен и СПА кои може да ги користите со доплата на рецепцијата од 1.400 динари (околу 700 денари) од ден.

Комплексот има затворен базен, сауна и парна бања.

Оценката од досегашните гости кои престојувале во ресорот е одлична. Овој луксузно украсен комплекс во моментов е категоризиран со 3*, а она на што се фокусира менаџментот е акцентот на топлите тонови на бои кои се присутни во ентериерот, што му дава на гостинот искуство во семејна атмосфера.
| Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ. |
Коментари
-
Stefanija Todorova
26.12.2021 18:06
Zdravo sakam da prasam dali ima slobodno apartman ili edna soba so eden lezaj i eden edinecen krevet od 31.12.2021 do 03.01.2022 koja bi bila cenata za trojca vizrasni i dve deca od 10 god i 6 god fala idnapred
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!