29.04.2022

Вила во Чекоштина со поглед кон езерото

Вила во Чекоштина со поглед кон езерото

Лето, зајдисонце, друштво и ремикс од Parov Stelar. Така дел од нашите патувачи го опишуваат летото и убавата страна на Охридско езеро. Наместо гужва, дел од патувачите постојано пребаруваат сместувања кои се одалечени од толпата, на места каде може да се слушне шумот од лисјата од утринскиот летен ветар.


Токму таква вила од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Вила Силва е сместена во Чекоштина, во близина на хотелот Сончева порта.

Домаќинката, која ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека вилата е од 2021 година и целиот ентериер е нов. Ова сместување е идеално за патувачите кои преферираат голем двор со хортикултурно уредување и со поглед кон Охридското езеро.


Ваквото сместување е идеално за сите генерации, кои сакаат да уживаат во мирот и убавината на опкружувањето. Покрај  скарата и ладниот пијалок, зајдисонцата се волшебни. 


Околината е идеална за пешачење, возење велосипед и јога. 

Вилата се наоѓа во мирна населба со поглед кон планината Галичица и Охридското езеро и претставува одлично место за мирен и тивок одмор, опкружени со лозови насади, паркови и борови.

Повеќе инфо, можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?