23.07.2021
Уживав кампувајќи во околината на село Горно Добреноец
Уживав кампувајќи во околината на село Горно Добреноец
Ако ги наброиме причините поради кои месеците август и септември се идеални, тогаш меѓу првите причини ќе го истакнеме кампувањето. Македонија има идеални места за кампување и ние како тим постојано советуваме сите дестинации да ги оддржуваме чисти и без отпадоци.

Отпадокт кој ќе
го затекнете во природа, без разлика дали е оставен од претходни несовени патувачи,
ваша должност е истот да го соберете во пластична кеса и да го оставите во
кантите за отпадоци. Бидејќи како што
знаеме, природата не може сама да бори против ова.
Човекот кој е искусен кампувач и кој ужива во откривањето нови прибежишта во Македонија и надвор од државата е Стефан. Неговата приказна започнува да се развива од центарот на Македонија, односно од Градско, неговиот роден крај.

За Кајак.мк раскажува дека израснал во Градско, а потоа животот го продолжил во Велес и Скопје. Главниот град на Македонија му го буди авантуристот во него и го поттикнува да отпочне со активно патување низ европските земји како Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Шведска, Данска и други. Годините додека патува низ Европа ги исполнува со капување низ доста региони, а европскиот тренд му ја раѓа животна навика кој ја има до ден денес.

Стефан вели дека Македонија е идеална земја за кампери. Има безброј локации каде може да се постави шатор и да се ужива во недопрената природа. Од Охрид и Дојран, па се до планинските масиви кои ги изолираат патниците од звуците на урбаната џунгла.

За него, важно е околината да биде мирна и ненаселена, оти како што вели самиот, сака да свири на хармоника. Овој инструментот му е постојан партнер за време на кампувањето, со него може да пее и свири колку му душа сака.
Тој вели дека неодамна се вратил од кампување на кое имало 150 кампери од целиот свет. Кампувањето траело повеќе од месец дена, а локацијата била на 9 километри од селото Горно Добреноец, која локација ја препорачува на сите кампери како идеална.

Во околината може да најдете водопади, а она што го прави местото автентично за кампување е фактот дека нема сигнал на телефонот што ве изолира целосно од светот. Сигнал може да се добие само на одредени локации во околината, но е доста слаб. (Напомена: Не кампувајте доколку немате искусен планински водич на места каде што нема сигнал)

Стефан ги советува сите патувачи кои се редовни читатели на Кајак.мк дека кампувањето може да им го промени животот. Најважно е секој кој ќе се одлучи за првпат да појде на кампување е да биде придружуван од искусен кампер или планински водич кој ќе му ги даде потребните совети за кампување.

Според Стефан, битно
е со кого ќе се појде на капување, како ќе се реализира турата и што ќе понесе
од дома.
Советува дека секој треба да биде внимателен со природата, но и да внимава на самиот себе. Најважно од се е да се движи во региони каде е достапен пристап за медицински возила. Да внимава што ќе конзумира за време на капувањето и да внимава на останатите.
Стефан може да го следите на неговиот инста профил Arizanov13
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!