08.11.2020
Наскоро ќе може да престојуваме на Лабуништа
Наскоро ќе може да престојуваме на Лабуништа
Тимот на Кајак.мк кој е во постојана комуникација со луѓе кои развиваат нови начини се со цел да привлечат повеќе туристи во државата (а за кои луѓе ни е многу драго) ве информира дека наскоро ќе може да се престојува и на Лабуништа.
Да, на Лабуништа можете и сега да престојувате, но во шатори, а додека пак неколку сместувачки капацитети кои во моментот се подготвуват за изнајмување ќе бидат воедно и првите во кои ќе може да престојуваат оние патници кои шаторот и не им е толку добра страна. 
Ние разговараме со Амер, кои фотографии се негово дело, а за да ве поттикне да го посетите овој регион, тој постојано споделува нови моменти на неговиот инста профил @amer.dem.
Амер вели дека во моментот се во реконструкција неколку објекти, чија цел ќе биде да се прилагодат на потребите на гостите, а воедно во самата област се подготвува и првото мини-кафуле, ресторанче, каде ќе може да се седне и ужива во природата.
За нашите љубопитни патници еве некоја информација повеќе. Ова место се наоѓа на планината Јабланица. Во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско – Струшката и Дебарската котлина, западно од Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро.
Лабунишки бачила кои многумина знаат да ги наречат Љубанишките Алпи се наоѓаат на само 6 километри од селото Лабуништа. До таму се стигнува по асфалтиран пат во должина од 4 километри и тампониран пат кој е во должина од 2 километри.
Кајак неодамна пишуваше за посета на Лабинишките езера и што може да правите таму, па ви препорачуваме да прочитате повеќе со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!