18.06.2021
Вила со сопствен приватен базен на Беровско езеро: Идеална за цело друштво
Вила со сопствен приватен базен на Беровско езеро: Идеална за цело друштво
На светот има многу убави места, а го има и Берово. Регионот на Берово не можеме да го споредуваме со многу дестинации во Македонија, бидејќи самиот регион си има свои предности кои другите региони го немаат. Не знаеме колку сте вие запознаени, но ќе ви кажеме дека над Беровското езеро поминува еден од наголемиоте коридори со богато количество на кислород, кои овозможуваат идеални услови за воздушна бања.

Од тие причинии нашиот тим веќе една година активно ги копа сите уникатни сместувања во кои може да престојувате. Денеска ќе ве запознаеме со Вила Лина 2 и 3 кои се лоцирани во непосредна близина на Беровско Езеро, на 1060 мнв, во атарот на Малешевските Планини.

Инзворедните климатски услови, како: најголем број на сончеви денови во текот на годината, поволните воздушни струења, високата јонизација на воздухот, недопрената природа со миризот на четинарите, се причината поради која многу туристите се враќаат овде, а дел од туристите се одчучуваат да се преселат.

Вилите Лина 2 и 3 се во непосредна близина на пешачки и велосипедски патеки, а ридско планинскиот терен е идеален за возење рели, крос мотори и атв- четирицикли. Во бизина се протегаат борова и букова шума и полјани со разни планински чаеви и шумски плодови, што ви дава јасна слика за тоа како би го исполниле вашето време доколку престојувате овде.

Во дворот на вилите се наоѓа приватен базен, а самата вила располага и со пинг-понг маса и простор за деца.
Сигурно би сакале повеќе информации околу сместувањето? Доколку одговорот е да, тогаш кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Nasevska blaga
30.07.2025 15:10
Sakam da zakazam smestaj za vikend od 2 do 3 avgust za 4 lica vozrasni
-
Зорица Markovska
11.07.2025 14:01
Imate slobodno mesto od 29.07 Do 03.08 dvajca vozrasni i dve deca
-
Meri Zafirova
26.06.2025 00:01
Smestuvanje za 1 i 2 avgust za 4 vozrasni i 2 deca?
-
Amedov denis
24.08.2022 06:28
Kolku pari e od vecer dase smeste Edna familia od 5clena
-
Александар Грков
28.08.2021 16:50
Kolku e cenata za bračen par so dve mali deca od den?
-
Влатко Момировски
19.06.2021 11:10
Колку е цената од ден за брачен пар со две мали деца
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.