12.07.2022
Преку нашите тури ги посетуваме сите диви плажи околу Трпејца
Преку нашите тури ги посетуваме сите диви плажи околу Трпејца
Денеска тимот на
Кајак.мк ве запознава со нашиот нов локален херој Христијан кој заедно со својот
тим од Fruity Sup Board организираат тури со
СУП даски по Охридското езеро.
Христијан вели дека како најатрактивна тура која повеќето гости сакаат да ја користат е турата до Св Заум, а поаѓањето е од плажата Трпејца.

Овој регион нуди фантастични пејсажи и скриени места кои можете да ги уловите единствено доколку сте од езерската страна. За време на ваквите тури се посетува прекрасна дива плажа чив пристат е единствено по воден пат.

За време на
турата се посетуваат изворите Тушемишта каде има извори со ладна вода, а за време
на турата присутните добиваат доста безалкохолни пијалоци и ручек.
Покрај турата до Св.Заум, атрактивна тура е „Sunrise сесија“ или тура која се реализира рано наутро. Ова тура може да се реализира на локации каде ќе посакат гостите, а по фотосесијата се посетува црквата Св. Никола и околните диви плажи кои се наоѓаат во близина.

Fruity Sup Board е тим кој го соочинуваат млади и искусни луѓе кои веќе подолго време се во
водите на Охридско езеро. Христијан вели дека како новитет во иднина ќе биде дводневната
тура со ноќевање во шатори на прекрасна дива плажа во Трпејца.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!