05.07.2020
Ryanair: Авионските билети ќе бидат најевтини уште 12 месеци
Ryanair: Авионските билети ќе бидат најевтини уште 12 месеци
Најголемата нискобуџетска авиокомпанија во Европа порано соопшти дека има намалено повеќе од 250 работни места од своите канцеларии низ цела Европа и дека ќе направи 3.000 кратења кај пилотите и кабинскиот персонал, пренесува 24ауто.
Најголемиот европски нискотаривен авио превозник Ryanair забележува „многу силни“ резервации во првите две недели од јули низ својата мрежа, кои продолжија во средата со 1.000 летови. Се очекува цените на билетите да бидат пониски од кога било во наредните 12 месеци, тврди извршниот директор на групацијата, Мајкл О’Лири.
Најголемиот нискотарифен авио превозник во Европа приземји повеќе авиони откако пандемијата COVID-19 затвори голем дел од Европа во март.
Авиокомпанијата се очекува да пренесе околу 4,5 милиони патници во јули, што е околу 40% од нормалниот проток. Оваа бројка најверојатно ќе се искачи на 5,5-6 милиони во август, пред да се смири на нормално ниво за време на потивката зимска сезона и да достигне предондемични нивоа следната година, вели О’Лири во интервју за Ројтерс.
Но, цените на билетите остануваат ниски во текот на летото и веројатно ќе останат така. „Сигурно, во наредните 12 месеци авионските билети ќе бидат поевтини од кога било, секако и на Ryanair, затоа што ние го стимулираме пазарот и сакаме да го вратиме“, рече тој.
Според него, дури и до 2022 или 2023 година. Цените на билетите ќе се вратат на нивото пред пандемијата. Авионите на Ryanair ќе бидат полни околу 70% na првиот работен ден, рече О’Лири.
Тој додаде дека очекувал „значителен пад“ во продажбата на храна и пијалоци во авионите, но се надева дека ова ќе се компензира со зголемувањето на бројот на патници кои плаќаат за претходно резервирани места и чекиран багаж.
Ryanair планира околу 3.500 отпуштања ако не успее да се договори за намалување на платите со вработените, изјави Мајкл О’Лери за Би-Би-Си.
Најголемата буџетска авиокомпанија во Европа порано соопшти дека има намалено повеќе од 250 работни места од своите канцеларии низ цела Европа и дека ќе направи 3.000 кратења кај пилотите и кабинскиот персонал.
„Сакаме да ги намалиме за 20 отсто платите на најдобро платените капетани, за 5% на најниско платените стјуардеси и веруваме дека ако можеме да преговараме за овие намалувања на платите, можеме да избегнеме повеќе, но не и сите кратења, тој рече.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?