28.03.2021

Понекогаш преспиваме во нашите хотелски апартмани за да го доживееме гостинското искуство

Понекогаш преспиваме во нашите хотелски апартмани за да го доживееме гостинското искуство

Во време на криза во туризмот, тимот на Кајак.мк се води по едно ново мото: „Кога пандемијата ќе ви даде лимон, направете си лимунада“. Ваква или слична водилка користат двајца млади момци од Скопје, кои три месеци пред почетокот на пандемијата отвориле сопствен хотел во центарот на Скопје.

Апартманите се достапни во базата на Кајак.мк со еден клик ОВДЕ.

Приказната за „Vanilla Boutique Hotel ja пишуваат Виктор и Стеван, млади сопственици и искусни луѓе во светот на туризмот. Ние обожаваме кога зборуваме со нови луѓе желни за промени во туризмот и чиј репер за работење се светските трендови кои тие за првпат ги применуваат во Македонија.


Vanila Boutique Hotel“ ги отвара вратите за првите гости три месеци пред пандемијата. Но за среќа, станува збор за модерен вид на хибридни хотелски апартмани, што им дозволува добра подлога за адаптација на условите на пандемијата.

Пред отварањето, тие имале една поприлично долга подготовка на Апартманите во која биле вклучени и неколку архитекти од земјава и од странство од коишто се искористија идеите што звучеле како поинтересни.


По одреден период на размена на идеи, младите сопственици доаѓаат до првичниот изглед на Апартманите, коишто претрпуваат измени и подобрувања на месечно ниво! Тие велат дека постојано ги слушаат искуствата од гостите кои им помагаат за преадаптација во услови на пандемијата.

Покрај тоа што ги слушаат предлозите на гостите, од време на време преспиваат по една ноќ во апартманите, кој кога може, се со цел да се доживее искуството на гостите и да се воочи што следно може да се подобри. Кај нив важи правилото дека без разлика колку и да е добро, секогаш постои простор за напредок.


Немаат намера да бидат само едни обични и досадни апартмани. Условите и удобноста на апартманите се истите, но деталите во секој апартман се разликуваат.

Задржувајќи ја функционалноста, тие им внесуваат одредена автентитчност на секој од апартманите играјќи со разлини бои на креветите, зидовите, подот, сликите, плакарите, тоалетите, украсите, растенијата итн. На тој начин ги привлекуваат гостите да се вратат повторно за наредниот пат да „доживеат“ друг апартман или едноставно да си го одберат тој што им е најубав.

Локацијата е на улицата Елисије Поповски Марко број 31, во центарот на Скопје, спроти Државната Болница. Ја одбирале доста долго, бидејќи барале локација што ќе биде малку помирна од гужвите на центарот на градот, но сепак ќе биде блиска до најголем дел на туристички атракции како Водно, Плоштадот Македонија, Градскиот Парк, Рестораните во Дебар Маало, дискотеките, трговските центри и така натаму.


Она што го прави поразличен хотелот е адаптацијата на просторот која е направена уште од самиот старт на пандемијата. Хотелот располага со систем за влегување во објектот и во собите со кодови и картички. Стеван и Виктое се горди на фактот дека се првиот сместувачки капацитет целосно опремен со „OnlineSelfCheck-in“ односно самостоен чекин на гостите без никаков контакт со вработените.

Процесот функционира така што гостите прават резервација, добиваат шифра за еднократна употреба од влезната врата и шифра за еднократна употреба од собата којашто ја имаат резервирано. Кога ќе влезат во собата којашто онлајн, преку смарт уред, е веќе загреана на температура по нивна желба таму ги дочекува картичка (клуч) со којшто можат слободно да влегуваат и излегуваат од објектот како и од апартманот.


Со оваа адаптација тие внесуваат една новина на пазарот којашто веќе постои во светот на туризмот исклучувајќи ги директните контакти помеѓу гостите и персоналот и исклучувајќи го ризикот од ширењето на пандемијата.

Vanilla Boutique Hotel е наменет буквално за ситепатници. Ние навистина сметаме дека сме една совршена „Value for money“опција, којашто вистински нуди за класа подобра услуга од основните апартмани низ Скопје по иста или слична цена. Сметаме дека ги имаме исполнето сите услови, како за случајните минувачи коишто само преспиваат, така и за гостите коишто сакаат да се задржат со недели па дури и подолго, вели Виктор.


Сметаме дека сме погодни за сите гости токму заради миксот на услуги што ги нудиме и квалитетот на истите. Почнувајќи од споменатиот „Contactless“ систем на примање на гостите, којшто е многу повеќе од систем којшто е само безбеден во услови на пандемија. Ние преку овој систем сме способни да овозможиме брз и ефикасен check-in24/7, по потреба и check-out подоцна од вообичаеното, што е навистина вредно за напомена, особено за честите патувачи, додава Стеван.

Тие се стремат кон целосна поврзаност на уредите преку „smart“ уреди, за да го подобрат искуството на гостите врз основа на информациите коишто ќе ги презентираат, па климатизерот и бојлерот во апартманот којшто е резервиран од страна на гостите преку мобилна апликација системски се вклучуваат 1 час пред кажаното време за self-check-in.


На гостите за време на престојот им се нуди опција за храна и пијалоци од најдобрите ресторани во Скопје. Им го нудат најдобриот можен интернет бидејќи сметаат дека во денешно време интернетот е основна потреба, а не луксуз. Ова го прави хотелот особено привлечен како „homeoffice“ опција за работа од дома. Антиалергени алое-вера душеци, анатомски перници, голем телевизор со домашно кино и безброј канали, како и PS4 конзоли за зголемено уживање.


И двајцата се млади сопственици кои имаат долгодишно искуство во туристичкиот сектор. Виктор има богато искуство со туризмот во Македонија, долги години градејќи една успешна приказна на ланец апартмани преточена во брендот „VanillaApartments“, справувајќи се со огромен број на домашни и странски туристи. Стеван, од друга страна, има хотелиерско искуство работејќи во Америка и Англија, како и поскромно искуство со AirBnb во Македонија. Помеѓу другото тој управува и со проектот „PentLux“ ланец на ултра луксузни апартмани којшто треба да стартува со работа во наредните неколку месеци.


Комуникацијата со хотелот е поприлично едноставна. На самата врата од хотелот стојат броевите од нив двајцата (+389 71 238 440 – Виктор, +389 75 811 411 – Стеван) на коишто може да ги добијат клиентите со повик, или преку WhatsApp или Viber во секое време!

Покрај броевите, може да стапите во контакт и преку:

https://www.instagram.com/vanilla_boutique_hotel
https://www.facebook.com/VanillaBoutiqueHotel/

Како и преку нивната официјална интернет страница: http://vanillaskopje.com/

Тие се отворени за секаков вид на соработка со било која индивидуа или агенција којашто смета дека можат да најдат заеднички јазик за градењето на успешните туристички приказни во Македонија.

Остави Коментар

Коментари

  • Kajak Team

    28.03.2021 22:59

    Emil Williams we will translate it on English, and we will send you the link via email :)

  • Emil Williams

    28.03.2021 20:51

    Top notch !! The place looks amazing. Best Greetings; Emo.

Прочитајте повеќе

Валандовчанката Гуна произведува слатко од лути пиперки

Кајак.мк денеска ве води во Валандово, град кој потсеќа на калинката, но отсега можеби некој од вас ќе го асоцира и на „Слатко од лути пиперки“.

Зоран Стојков од Демир Капија со нова винска станица во регионот

Зоран е роден во Демир Капија. Првиот контакт со винското производство го има во винарската визба во Демир Капија која редовно ја посетувал со желба да работи во неа.

Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија

Некаде во Македонија ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела Македонија.

Ненад Лазаров од Пробиштип: Млад номадски пчелар со големи амбиции

Ненад Лазаров има своја уникатна приказна која вреди да се прочита до крај. За разлика од своите врсници кои на негови години се одлучуваат да ја напуштат државата, тој со својот татко неурно работи во креирањето на една успешна медена приказна која го носи називот Medlex.

Во Македонија се отвори сместување кое ќе ве зароби во планински спокој

Ве водиме во селцето Ехлоец, кое селце е уникатно по тоа што е единственото мијачко село од источната страна на Бистра-Стогово, на надморска височина од околу 1000 метри.

Даниела од село Буково го произведува најдобриот буковски пипер

Туристите кои ни доаѓаат во државата, ни коментираат дека Македонија го има задржано стариот добар вкус на сите природни состојки. Истите тие странски туристи ни потенцираат дека треба да направиме сѐ за да го зачуваме ваквиот вкус и да го промовираме насекаде во Европа.