30.08.2023
Хотелот и ресторан Царевоселски привлекува туристи во срцето на Делчево
Хотелот и ресторан Царевоселски привлекува туристи во срцето на Делчево
Ако некогаш сте посакале да ја посетите и истражувате планината Голак која се издига над градот Делчево, тимот на Кајак.мк ве информира дека токму во градот Делчево вие можете да резервирате престој за вас и цело ваше друштво.

Ако зборуваме пак за организирање на тим-билдинг настани за мали компании, тогаш хотелот Царевоселски има капацитет да смести 30 гости истовремено.
Денеска разговаравме со домаќините на хотелот и ресторанот, кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк и ни овозможија нашата база со сместувања да се надополни со уште еден уникатен хотел кој се наоѓа на самиот брег на реката Брегалница.

Идеално сместување за парови, за семејства или поголеми фамилии. Идеално сместување и за колегијални патувања и семинари. Самото хотелче нуди прекрасен поглед кон реката Брегалница, а на самиот кеј има ресторан кој во вечерните часови ви нуди пријатно чувство.

Прекрасната планина Голак се наоѓа на 10 километри од сместувањето, идеална дестинација за активен туризам, прошетка во природа и можност за едукација на вашите дечиња за животинскиот и растителен свет на планината. Сместувањето пак, дозволува влез на домашни миленици, што му дава предност во однос на другите сместувања и дава до знаење дека можете да го понесете и вашето најверно другарче на патување со вас.

Самиот објект има ресторан, билјард клуб, летна тераса, парк
и пешачка патека. Повеќе информации за хотелот и сместувањето можете да најдете
со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?