20.07.2021

Пикник на Маврово со ChillOut

Пикник на Маврово со ChillOut

Ако се уште размислувате каде да прошетате во сабота на 24.07, предлог на Кајак.мк е да го посетите Старо Бачило. Нема ништо подобро од тоа да се возете на жичарница среде лето и да уживате во зелената природа додека се искачувате нагоре.


Бачилото има доста специфичен концепт на работа, а ова место преставува еден нов концепт на пикник, каде на гостите им се служи храна и квалитетна музика.


Она што го прави поразлично ова место се активностите кои менаџментот ги организира скоро секој викенд. Концептот е таков што ви го исполнува слободното време со разни активности.


Караванот кој го започнува еко бендот ChillOut, а кои е познато по акустичните преработки кои ги снимаат на планините, овој викенд ќе го посети „Старо Бачило“.


Уникатните акустични звуци ќе бидат само надополнување на се она што се нуди на бачилото, велат од бендот.


Она што го прави атрактивно Бачилото се повеќето начини на кој може да го посетите. Има неколку опции: Првата и наједноставна опција е со жичарница која работи во текот на летниот период, втората опција е со велосипед, потоа следува планинарење или пак со мото кросеви за љубениците на адреналинот. 


Старо Бачило е во постојана соработка со Ресорт Маврово, а може да се пофалат со организирање тури за планински велосипедизам со електрички велосипеди, а честопати знаат да поканат и спортски здруженија кои оддржуваат тренинзи, семинари и предавања поврзани со активниот туризам.


Тимот на Кајак.мк ви стои на располагање за тоа како да пристигнете до „Старо Бачило“ во сабота. Повеќе инфо на: 076 791 157.
За повеќе информации и фотографии, како и директна вибер комуникација со менаџментот на бачилото, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!