03.04.2021
Живеам на планина каде изградив вила во која подготвувам храна за моите гости
Живеам на планина каде изградив вила во која подготвувам храна за моите гости
Целта од постоењето на Кајак.мк е да им овозможи на сите да заработат нешто плус од својот дом и да ги запознаат туристите со животот на мештаните во околината. Нашата мисија е преку поголема доверба во човештвото да докажеме дека секој може да биде добар сопственик и патник во едно.
За да ја постигнеме нашата цел, имаме мисија преку која сакаме да изградиме поголема доверба помеѓу гостите и сопствениците на објекти за изнајмување. Ние решивме да отпочнеме со раскажување на животните приказни на сопствениците на објектите кои се дел од нашата база приватни сместувања во кои може да престојувате.
Многумина
од вас веќе ја посетиле вила „Преведена“ која се наоѓа во непосредна близина на Бела Вода, на патот помеѓу Струмица и Берово.
Животот на сопственикот поминал на планина во селото Двориште. Таму расте, како мал помага на семејството и ужива во годините од детството. Неговото родно село е Двориште. Ова село се наоѓа во Малешевијата, на 1200 метри надморска височина и е идеално за луѓето кои обожаваат природа и тишина.

Името на селото потекнува од ископините на една стара населба позната како „Двор“. Селаните овде претежно се занимаваат со земјоделие. Најмногу се одгледува компир од поледелските активности, додека сточарството е исто така многу развиено. Најмногу се одгледуваат овци, кози и свињи.
Драган израснал одлгедувајќи овци со дедо му во местото наречено Преведена, а денеска на местото каде ги чувале овците има изградено уникатна вила која е дел од нашата база. Неговата животна приказна е доста интересна. На помлади години, додека живее во Македонија работи како полицаец, но се одлучил да се откаже од ова професија и да замине во Италија каде ќе работи како кувар, професија кон која отсекогаш имал симпатии. По доброто работно искуство во Италија, својата кариера ја продолжува во Африка.

Пред една година тој се враќа во родниот крај и се одлучува да изгради вила недалеку од своето село, за каде отсекогаш мечтаел да живее. Преведена, како место кое го засакал од мал го одбира како негова идеална локација за градење на вила. Сам ја црта и дизајнира вилата како што посакуваа таа да изгледа.

Денеска живее и работи во селото. Денот го поминува грижејќи се за кучињата, одржувајќи ја градината во која сади одгледува органски растенија. Сади домат, пиперки, краставици, зелка, спанаќ, магданос, босилек, грав, разни видови боранија, лук, кромид, компир и ред други растенија кои ги користи за подготовка на врвни специјалитети на своите гости.

Она што го прави уникатно неговото постоење во ова село е тоа што гостите може во текот на сезоната сами да се послужат од градината, а воедно да им подготви одлични специјалитети од македонската, италијанската и француската кујна кои му се омилени.

Во селото двориште, ве опушта самата природа. Најважно од се е тоа што гостите овде ја уживаат приватноста. Заробени се со чист воздух, без гужви, без друштво и без гласна музика.
Ова е вистински одмор за луѓето кои со еден збор сакаат да побегнат од сѐ.
Неговата уникатна градба која денеска е дел од базата на Кајак.мк, можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ. Палазлија/Преведена — два планински превои (Палазлија 1.145 м. и Преведена 1.200 м.) на јужните падини на планината Огражден, што ги спојуваат Струмичкото Поле со областа Малешевија, односно градовите Струмица со Берово и Делчево. Преминот е отворен за сообраќај преку целата година. |
Коментари
-
Joco Dimitrovski
05.04.2021 20:13
Odlicni se ovie storii, i e potik i za drugi koi imaat takvi, ili slicni prikazni da gi spodelat. Jas imam kuka vo planina ,vo prekrasna cista sredina. Del e uredena no ima uste dosta za sreduvanje. Nemam dovolno pari da ja doopremam ,kako vnatresnosta taka dvorot i okolinata. Ima odlicni uslovi za odgleduvaje na zdrava hrana . Okolu samiot objekt ima 3,0ha nasad so lesnik i dr.ovoski.Ako ima zainteresirani za da pomognat moze da mi se javat na e-maii [email protected] ili na tel.070298956 . Mn.pozz.
-
Бранислав Лазиќ
04.04.2021 18:35
Неверојатно со која љубов ја создаде куќата и атмосферата. Голема почит.Ќе се потрудам макар на еден ден да ја посетам оваа убавина.
-
Кајак Тим
03.04.2021 17:37
Почитувана Лидија, повеќе инфо ќе најдете на следниот линк. Или со еден клик на последната реченица каде што пишува ,,Кликнете овде" http://kajak.mk/smestuvanje/8bba4d2a-vila-prevedena-suvi-laki
-
Лидија
03.04.2021 16:42
Би сакала да знаам колку е цена на ноќевање во двокреветна соба во вашата вила
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ги напуштивме Скопје и Нови Сад за село: Денес произведуваме мед што освојува награди
Тимот на Кајак.мк постојано трага по приказни за луѓе кои тивко, создаваат нешта од вистинско значење за Македонија. Ние таквите луѓе ги нарекуваме „Локални херои“.
Нови директни летови Палермо – Скопје со Wizz Air, Ryanair и EasyJet
Нова авио-линија меѓу Palermo и Skopje најавува подобра поврзаност меѓу Италија и Македонија, со потенцијал за раст на туризмот и зголемен број патувања во летната сезона 2026.
Најдобрите 8-ми Март понуди во Македонија – организирајте совршен ден со кајак.мк
Најдете ги најдобрите 8-ми Март понуди во Македонија и организирајте совршен ден со кајак.мк. Подарете незаборавно искуство со најдобрите сместувања, тури и идеи за прослава.
Во Македонија зборуваме за туризам, но дали доволно инвестираме во професионалци?
Во Македонија туризмот се развива, но дали доволно инвестираме во професионалци? Анализа за улогата на експертите во развојот на туристичките дестинации.
Дождлив викенд? Истражете винарија и дегустирајте вина
Откријте зошто овој викенд е совршен за винска тура во Македонија – дегустации, прошетки низ подруми, мирис на есен и можност за преноќување. Погледнете понуди на kajak.mk и одберете ја вашата идеална винарија.
Македонци отворија „Ракија Бар“ во Чешка: Балканска кујна во срцето на Кладно
Од корените до сонот: Македонска приказна што се служи со љубов во Кладно. Приказни на Кајак.мк кои заслужуваат да ги слоделите.