28.07.2022

Викендица во село Очипала достапна за резервации

Викендица во село Очипала достапна за резервации

Ако не сте љубител на гужви и масовен туризам, тогаш помалите села во Македонија се вистински предизвик за вас. Таквите села се вистински предизвик и за тимот на Кајак.мк бидејќи отсекогаш сме настојувале да поттикнеме што е можно повеќе домаќини да ги отворат своите врати за нашиот свет и да докажеме дека среќата е онаму каде ќе стекнете нови пријателства, ќе слушнете нови приказни и ќе научите нешто ново во вашиот живот.


Дали некој од вас слушнал за село Очипала? Ова селце е оддалечено 5 километри од Делчево на 600 метри надморска височина. Недалеку од селото постои пештера која е достапна за посетители, а регионот нуди можност за посета на водопади, јавање коњи и секако дегустирање на локална храна.


Храна може да дегустирате во етно компексот „Чардак“ кој веќе подолго време е дел од нашата база „Гасторномија“, а во склоп на комплексот од денеска можете и да резервирате престојување.


Сместувањето се наоѓа во јовановското маало на Очипала, опколено со густа дабова шума, ливади и чист воздух.

Домаќинот Дамјан кој ни ги отвори вратите вели дека ова сместување има капацитет до 6 лица.


Објектот има Wi-Fi, што ви дава одлична можност да ја преселите вашата он-лајн канцеларија на село.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.