25.04.2023
Куќа во село Велгошти во која можете да престојувате
Куќа во село Велгошти во која можете да престојувате
Базата на Кајак.мк го добива своето 470 уникатно сместување. Нашиот тим е среќен што наскоро ќе заокружи вкупно 500 сместувања кои можете да ги резервирате дирекно преку нашата платформа. Нашата цел е 2023-та година да ја заокружиме со над 600 уникатни сместувања кои ќе ви гарантираат еден поинаков престој и дефинитивно ќе ве запознаат со област која досега можеби никогаш не сте помислиле дека можете да ја доживеете преку престојот.

Покрај сместувањата, нашата база има вкупно 150 гастро предлози за тоа каде да го поминете вашиот викенд уживајќи во добра храна и на одлична локација. Денеска ве водиме во село Велгошти, во дворчето на „Етно куќата Св. Петка“ која како гастро дестинација веќе одамна е дел од нашата платформа. Денеска домаќините одлучија да ги отворат своите врати и за патувачите на Кајак.мк кои се во потрага по сместувања.

Станува збор за еден апартман кој има брачен кревет и аголна гарнитура на развлекување. Простран апартман кој е идеален за едно семејство или два пара.

За оние кои
размислуваат што би правеле во село Велгошти, тимот на Кајак.мк ги советува да го
посетат манастирот Св. Петка, оконите цркви и да уживаат во прекрасната природа
користејќи ги обележаните пешаки патеки.
Повеќе информации,
фотографии и контакт за резервација од сместувањето можете да најдете со еден
клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима
Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.
Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери
Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.
Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите
Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.
Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!
Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!