10.05.2022
Успешните експерименти за органска козметика ме поттикнаа да отворам моја козметичка кујна
Успешните експерименти за органска козметика ме поттикнаа да отворам моја козметичка кујна
Во светот на Кајак од денеска ни се приклучува уште една
локална хероина од Прилеп, чие име и е Моника Евтимоска.
Моника по професија е економски техничар, но нејзината
пасија и љубов ја истура врз органската и природна козметика која започнала да ја
изработува пред пет години или како што ни вели таа, од моментот кога
почувствувала потреба од квалитетен производ.
Продавницата на Моника од денеска е дел од нашата „Eco-online бакалница“ каде може да направите нарачка на нејзините производи. Продавницата можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.

Моника се сеќава на детските денови. Како мала секогаш се
воодушевувала на начинот на кој се изработувале природните масла од лаванда,
парфемите и сапуните. Отсекогаш сакала да ги посетува продавниците за природна
козметика низ туристичките места и градови.
Она што ја поттикнува да започне со производство на природна
и органска козметика е причината што не може да го најде соодветниот производ
за нејзината сува и атопична кожа.
Таа вели дека на почетокот започнала да произведува нешто “специјално“ за нејзе, но за брзо време веста за квалитната козметика брзо се шири и започнуваат да и се јавуваат нови нарачки од блиските пријатели и роднини.

Ја запрашавме дали се сеќава на првиот производ кој го изработила, а на тоа Моника ни одговори дека првите производи кои ги изработила биле од суровини кои ги имала во домот и со помош на нејзината креативност и потпомогнато од стручна литература го создава првиот експеримент производ, за кој Моника вели дека бил успешен и дека рецептот за путерчето кое го создала го користи и ден-денес.

Ваквиот успех ја убедува да се запише на акредитирана школа
за органска козметика во Англија и да се надогради во своето знаење.
Денеска, таа има своја “козметичка кујна“ каде ја истакнува својата креативност создавајќи квалитетни и уникатни производи за нега на лице и тело.

Она кое денеска може да се најде во нејзината палета на
производи се сапуните за лице и тело, сите со различен состав изработени според
потребите и типот на кожата, путерот за тело, кремите за лице, пилингот за лице
и тело, балзамот за усни и витаминскиот серум за лице. Секој од производите има
и своја намена, дел се за деца во пубертет кои имаат проблематична кожа со
акни, дел се за секојдневна нега на лице и на тело, а дел – против стареење и
против бори на лице.
Доколку сакате да
ја посетите нејзината продавница, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.