01.09.2021
Нашата фарма излегува на прекрасна дива плажа на Охридското езеро
Нашата фарма излегува на прекрасна дива плажа на Охридското езеро
Без разлика на
месецот од годината и без разлика на временските прилики, тимот на Кајак.мк е
во постојана потрага по уникатните места во Македонија кои вреди да се посетат.
Неодамна започнавме
со организирање на тим-билдинг или друштвени патувања за сите оние кои се
заинтересирани да ги посетат местата за кои раскажуваме на нашата платформа. Од
денеска како уникатна дестинација која ја додаваме на нашата листа за посета е Divine
Farms каде може да ви
организираме еднодневно поразлично искуство покрај Охридското езеро.
За компаниите кои се уште не аплицирале за тим билдинг понуди од нашиот тим, тоа ќе може да го сторат со еден клик ОВДЕ.
За ентузијастите, луѓето кои уживаат во природата и природните богатства, со сигурност ќе им се допадне приказната на Весна, жена охриѓанка, која својата љубов ја посветува на фармата која се наоѓа на најубавите диви плажи на Охридското Езеро, конкретно помеѓу кампот Љубаништа и манастирот Св. Наум.
Овоштарникот е на површина од 100 хектари, од кои околу 60 хектари се под овошки. За љубителите на рекласирано плажирање, ова би им звучело како рај, бидејќи овоштарникот излегува на најубавите диви плажи кои се ретко посетени поради непристапноста, односно единствениот копнен пат е доколку поминете низ фармата. Убавината на самото место е изолираноста и мирот без гужви и сообраќај. А близината на Љубаништа и Св.Наум, како и границата со Албанија ја прави локацијата атрактивна за посетители.
Покрај уникатната локација, разноврсноста на овошки што се
берат во текот на целата сезона дава можност како за пласирање на голем
асортиман овошје подолг период, така и прилика за активности на посетителите
кои можат сами да си соберат овошје.
Весна вели дека сезоната ја започнале со организирање најразлични настани како: Чистење на брегот на езерото, Викенд на црешата, Јога викенд и ред други разни активности.
Според неа постојат многу придобивки и предности од престојување во рурални средини: бегство од динамичното секојдневие, од градските гужви и трка за успех. Човекот може да се поврзе со природата и да се пронајде себеси, да го пронајде чувството на слобода и самореализација.
Самиот престој во овоштарникот и на дива плажа е добар начин да се поврзете со природата, без разлика дали ќе одлучите да се вклучите во берба или друга активност. Посетителите, па и жителите на Охрид, добиваат една нова поразлична содржина и искуство како дополнување на туристичката понудата на Охрид. Ова е можност да се излезе од шемата на класичен одмор во Охрид и добра алтернатива за активности на отворено идеални за индивидуалци, семејства, тим билдинг и помали групи.
Доколку посетителите се заинтересирани може подобро да ги запознаеме со историјата и активностите на фармата, вели Весна и додава дека има многу кои сакаат да научат повеќе за нивната приказна, како и за легендите поврзани со Св.Наум на чие земјиште се наоѓа овоштарникот.
Нивното семејство започнало со земјоделски активности пред 20 години, а сега сакаат нивното искуство во туризмот да го искомбинираме и да придонесат за развој на агри-туризмот во регионот, но најважно од се е што не се склонети кон масовен туризам се со цел да се задржи автентичноста и мирот на местото.
Тимот на Кајак.мк ја запораша од каде доаѓа името „Divine Farms“, а таа ни одговори дека името доаѓа од англискиот збор Divine што значи божествено, воздигнато, затоа што станува збор за света земја која припаѓа на манастирот Св.Наум. Со Св.Наум се поврзани многу легенди, многу чуда дури и векови после неговата смрт, некои од нив се поврзани и со полињата на кои се наоѓа овоштарникот. Но вели дека легендата најдобро се разкажува на самото место.
Во моментот работат само со резервации и ограничен број на посетители. Секогаш има некој кој стои на располагање за тоа што им е потребно на посетителите, односно ги пречекува и испраќа, насочува каде и што може да се собере итн. Бидејќи станува збор за голема површина и брег од 2 километри, Весна вели дека само одреден дел од овоштарникот е дозволен за посета и активности.
Реакциите на туристите кои ги посетителите ги потсетуваат на вистинското лице на убавина која ја имаме на располагање. Еден од описите е чувството на пуст остров и плажа само за себе. Оваа есен не само што ќе може да се ужива во живописните бои на дрворедите, тие подготовуваат и други содржини за целосно доживување на есента и создавање спомени на посетителите.
За Весна ова е долгогодишен сон кој почна да се остварува од пролетта. Но, не секогаш нештата се одвиваат како што е планирано. Некои нешта се случуваат побавно од очекуваното, но важно е дека се има идеи и мотивација за остварување на истите, а се останатото ќе се случи во свое време.
Главниот виновник за настанокот на приказната е Стевчо, човекот кој започнал со овоштарникот, на почетокот со скромни 18 хектари за постепено да се прошират на денешната површина. Додека пак, идејата за агри-туризам тлеела подолго време кај Весна и нејзиниот сопругот, пред се затоа што и двајцата имаат долгогодишно искуство во туристичкиот сектор и сакале нивното знаење од двете области да го поврзат создавајќи нешто уникатно.
Divine Farms е дел од базата „Гастронмија“, а контакт може да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Првото сместување во Лозово кое ги отвори вратите за светот на Кајак.мк
Ова е првото сместување од Лозово што станува дел од платформата Кајак.мк, и нуди вистинско бегство од градската врева.

Се отвори нова романтична куќичка на Кајак.мк: Со прекрасен панорамски поглед кон Охридско езеро
Идеално место за оние кои бараат нешто различно, автентично и блиску до срцето на природата.

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!
Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа
Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!
Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.