25.07.2022
Скриеното сместување на Кајак кое освојува многу срца
Скриеното сместување на Кајак кое освојува многу срца
Во нашата база оние кои честопати пребаруваат и бараат несекојдневни сместувања каде било во Македонија, сигурно ја имаат забележано вилата на Влаина планина која сама по себе го носи името „Вила Самовила“.

Доста од нашите
патувачи кои веќе престојувале во вилата ги имаат споделено своите искуства со
нас, па токму од ваквите причини нашиот тим одлучи да ви ја раскаже приказната
за вила Самовила од поблиску.
Ние разговаравме со домаќинот Илчо кој несебично прифати да ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк и да ни понуди едно поинакво искуство нам и на нашите патувачи.

Илчо вели дека објектот е граден во духот на традиционална архитектура на Пијанечко-Малешевскиот регион со камин и централно греење, со широк балкон/чардак/ и посебен летниковец со гарнирури за седење, езеро и природен базен, надворешна туш кабина на соларно греење, чешма со изворска вода, лулашки за возрасни и деца, како и мини плантажи со лековити и зачински билки.

Она кое најмногу им остава впечаток на гостите е прекрасната средина во која се наоѓа вилата. Планина и букова шума која за многумина е идеална комбинација за полнење батерии.

Честопати ние од Кајак.мк знаеме за потпрашаме, а што е она кое привлекува најмногу внимание во околината и кои се тие атракции кои може да им го исполнат слободното време на гостите.

Она што го добивме како совет од домаќините е секако палеонтолошкиот музеј во село Стамер на 10 километри од сместувањето, природната реткост Кукоље/скаменети сватови/ кај село Нов Истевник и село Тработивиште на 20 километри. Недалеку е и манастирскиот комплекс Св.Илија на 3 километри, локалитетот Илин Камен за која се врзани бројни преданија и верувања, велосипедската патека Илин Камен -Насатица.

На само 1 километар преку обележана патека се
излегува на местноста Обел со прекрасни планински ливади и неверојатен
видиковец, а на
7 километри е врвот
Планиница со единствената можност
да се набере познатиот Габровски чај/кој единствено расте на Галичица, Ртањ во Србија и на планината Влаина.
Доколку сакате повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Milica Cvetkovska
26.07.2022 17:56
Baram smestuvanje za 4 vozrasni lica od nareden vikend, sabota ili nedela, do naredniot vikend, znaci, 8-9 noci
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.