23.11.2021
Сакам да ги научам сите да јават коњи
Сакам да ги научам сите да јават коњи
Тимот на Кајак.мк
го истражува регионот на Демир Хисар се со цел да ви понудиме што е можно
повеќе атракции во овој регион кои ќе ве поттикнат да го посетите.
За оние кои сакаат да ги искористат слободните денови од годината за да посетат нови предели и села, ви споделуваме уште една предлог дестинација, а тоа е ранчот „Гара“ кој од денеска е дел од базата на Кајак.мк.

Нашиот локален
херој Гоце вели дека секој кој има желба може да научи да јава коњ. Според
него, се што треба е да не бидат мрзеливи туристи и да се одлучат да го посетат селото
Сладуево кое се наоѓа на 3 километри од Демир Хисар, а до кое село може да се
пристигне со автомобил.
Гоце ни ја раскажа својата приказна за тоа како се заљубил во коњите. За него љубов значи да го сакаш она кое срцето ти вели да го сакаш, а неговото срце му вели да ги сака коњите.

Неговите коњи се
кобили кои ги носат имињата Гара и Ѕвезда. Љубовта кон овие животни ја имал
уште како мал, но околностите не му дозволувале да одгледува коњи. Се сеќава дека како мал постојано се будел од сон целиот испотен поради тоа што сонувал како јава
коњи.
Денеска, коњите се неразделен дел од неговиот живот. За Кајак.мк вели дека сака да ги разбере коњите на негов посебен начин. Има напишано своја книга која го носи насловот „Ќе те научам да јаваш коњ“, за која вели дека е напишана според негово лично видување и искуство кое сака да го сподели со останатите.

Селото во кое ги
одгледува и чува коњите е одлично за активен туризам. Пролетта и летото таму се
прекрасни. Прекрасни пејсажи, недопрена природа и чисти потоци. Тоа е една од
главните причини кои би ве поттикнало да се одлучите на тура со коњи во овој регион.
Од друга страна пак, Гоце развива концет на школа за јавање, на која учесниците ќе се стекнат со основните информации кои треба да се знаат за коњите, ќе научат да комуницираат и управуваат со коњот, прецизност во давање команди, теренско јавање, како и совладување на кас и галоп.

Селото Сладуево се наоѓа во Железник, во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Кичево или Крушево и до текот на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 635 метри.
Доколку сакате да стапите во контакт со Гоце, отворете ја нашата база „КАДЕ ОВДЕ“ или кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.