07.06.2021

Ги следам чекорите на мојот татко: Тој ми помага за да создадеме уникатни дела

Ги следам чекорите на мојот татко: Тој ми помага за да создадеме уникатни дела

Во овој врнежлив месец, нема ништо подобро од тоа да ја отворите нашата платформа и да ги прочитате сите приказни за локалните херои кои значат туризам. Како што умееме да кажеме, сите производи и услуги кои привлекуваат странски туристи во Македонија се направени од луѓе со интересна сторија.


Тимот на Кајак.мк е убеден дека во текот на 2021 година ќе успее да испромовира голем дел од локалните херои за кои јавноста се уште не слушнала, а кои според нас заслужуваат внимание.

Денеска ќе ви ја раскажеме приказната на Лидија Танаскоска, жената која пред три години работела во продавница, но решила да продолжи по стапките на нејзиниот татко и да го научи занаетот кој тој го работи.


За Кајак.мк вели дека е позитивна и комуникативна личност која сака активности во природа, а најмногу од се е тие да бидат покрај вода. Љубовта кон природата ја поттикнала да започне да произведува разни дрвени куќички со материјали кои ги собира додека е на пешачење.

Нејзиниот татко е долгодишен занаетчија кој изработува разни предмети од дрво. Потекнува од планинското село Плаке, од каде го наследува занаетот од неговите предци.


Лидија е убедена во фактот дека да се изработува разни украси од дрво, се што треба е да бидете заљубени во природата. Материјалите кои ги користи за изработка на куќички од дрво ги собира од надвор, а тоа се најчесто суви шумски плодови, шишарки, желади, суви гранки и трска исфрлена на брегот на езерото.


Нејзиниот татко пак, се фокусира на она што најмногу се бара на домашниот пазар, почнувајќи од рачки за секири, разни предмети за домашна употреба кои ги дизајнира да наликуваат на алатите од минатото. Овде ги истакнува разбојот за жените, алатите за обработка на почвата, садови за леб и традиционален сач за ѓомлезе.


За Лидија најважно од се е материјалите да бидат природни. Почнувајќи од дрвцата, па се до камчиња од реката и од околината. Таа вели дека секој кој ќе излезе на пешачење може да собере нешто од земјата од кое може да изработи уникатен украс.


Таа е среќна што после толку години конечно го работи тоа што ја исполнува. Вели дека занаетото се учи ако се има желба и волја. Секоја рачна изработка која е составена со љубов и мерак за неа е нешто вредно. Работата е бавна, прецизна и бара трпение, но на крајот од денот се ќе се исплати.


Короната ги спречила да ги продаваат своите производи на туристите кои го посетуваат Охрид, но се надева дека годинава ќе има шанса да ги истакне своите рачни изработки во неколку сувенирници во охридската чаршија и дека истите ќе завршат кај туристите кои ценат се што е изработено со рака.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија