25.12.2020

Заробена во шума на Кожуф: Ова е една од најубавите вили за изнајмување

Заробена во шума на Кожуф: Ова е една од најубавите вили за изнајмување

Кој би рекол дека на Кожуф нема каде да се престојува? На Кожуф може да се најдат доста сместувачки капацитети кои ќе ви го одземат здивот.

Тимот на Кајак.мк е должен да ве запознае со сите места во кои можете да преноќите, да уживате и да се запознаете со планината. Нашиот еко концепт мора да биде запазен па би сакале да ве известиме дека доколку ја посетите ова планина и се одлучите за планинарење и искачување на врвот, задолжително да си понесете кеси за отпадоци.

Доста модерен и убав објект е „Хотел Вила Тодоров“ кој нуди ноќевања во трокреветни студија и четири креветни апартмани. Вкупниот капацитет е 32 легла, што претставува одлична можност за поголеми планинарски друштва кои сакаат да го освојат „Зелен Брег“ кој е највисокиот врв на Кожуф. 

Сите апартмани располагаат со балкони, приватна бања и телевизор. Хотелот со 3* има и опција за доручек во ресторанот, а во барот имате и Wi-Fi на располагање.

Градот Гевгелија се наоѓа на 40 километри од Вилата Тодоров. Она што сакаме да ве предупредиме а на кое треба да внимавате доколку за првпат се упатувате кон вилата се условите на патот. Има доста одрони кои се присутни на самиот пат подолго време, но можете да ги заобиколите со автомобил. Во зимските периоди не е пожелно да се искачувате со обично возило. Пред се треба да се информирате од сопствениците дали постои начин за да стигнете до вилата.

Кожуф е планина која вреди да се истражи. Ја препорачуваме на оние патници кои не се љубители на гужвата, од причини што овде ќе го најдат својот мир. 

Повеќето од патниците кои имаат престојувано во ова вила го фалат погледот, атмосферата и чувството "како дома" поради кое би се вратиле повторно во ова вила. 

Што нуди вилата: 

  • Широкопојасен бежичен интернет
  • Сателитска телевизија во сите апартмани
  • Сопствени луксузни тоалети
  • Прекрасен поглед од Кожуф планина


Што ви препорачуваме на Кожуф во моментот?
Планинарење, искачување на Зелен Брег. Зелен Брег (2166 m) е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, југоисточно од с. Конопиште (Кавадаречко). Врвот Зелен Брег е заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Кон југ се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунско Поле.

Повеќе информации за вилата, цени и фотографии можете да погледнете со еден клик ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!