11.05.2021
На моите гости им го исполнувам слободното време со разни активности
На моите гости им го исполнувам слободното време со разни активности
Дали некогаш сте посакале да искусите Donkey Safari, Hot Air Balloon или АТV тури околу
Охридското Езеро?
Дел од вас ќе кажат да, дел не, но ние дефитивно ќе потврдиме дека ова лето ќе биде препознатливо по новите атракции кои се повеќе ги има во Македонија.

Тимот на Кајак.мк ве запознава со Ивана чии „Park Diamond Apartments“ од
денеска се дел од нашата база.
Ивана е млада личност која размислува зрело во врска со новиот начин на промоција на туризмот и креирање понуди кои ќе го исполнат слободното време на секој турист.

За Кајак.мк раскажува дека најважно нешто во нејзиното
работење е чистотата во апартманите, редовната дезинфекција како и брзата
адаптираност на новите предизвици кои ги наметна пандемијата.
Овие апартмани се совршен избор за она категорија на туристи кои бараат организираност и исполнето време. Во склоп на апартманите има базен на располагање на гостите, непосредно сместувањето се наоѓа и самата плажа.

Ивана вели дека ваквиот концепт на работа се покажал како
совршен. Секој турист кој преку ден ужива на крајбрежјето со книга или пиво во
рака, може да го искористи слободното попладне со многуте атракции кои ги нуди.
Покрај горенаведените тури, се организираат катамарански авантури и бродски тури.

Ако не прашате нам од Кајак.мк ние би се качиле на
Галичица со АТВ тура и би уживале во прекрасното зајдисонце над Охрид. Но
сепак, овде станува збор за вкус.
Кога сме кај вкусови, сигурни сме дека нема жена која не би
му дава значење на Охридскиот бисер. Ивана вели дека нејзината пасија кон охридскиот
бисер ја поттикнала да навлезе во истражувањето и проучувањето на ова
скапоценост. Денеска таа самата преработува и продава квалитетен и оригинален
охридски бисер.

Доколку сакате да ја запознаете Ивана, можете да кликнете овде „Park Diamond Apartments“ и да
стапите во дирекна вибер комуникација со неа.

Ова сместување се наоѓа на 4 километри од градот во мирно
соседство. Од апартманите до центарот на градот има пешачка патека по која за
15 минути би биле во центарот. За патниците кои бараат сместување во раздвижена
област, имајте предвид дека во склоп на плажата се наоѓаат познатите кафулиња
како „Парк Голден Бич“ и „Егоист“ што ви дава до знаење дека овде нема да ви
биде досадно. Исто така има и тениски терен кој може да го изнајмите со или без опрема од апартманите.
Сигурно веќе сте заинтересирани за повеќе информации и
резервации? Доколку ви треба сето ова, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!