30.10.2020

Изнајмете цела вила на Пониква од каде сјаат Скопје, Куманово, Свети Николе и Пробиштип

Изнајмете цела вила на Пониква од каде сјаат Скопје, Куманово, Свети Николе и Пробиштип

Вилата се наоѓа на 1600м надморска височина на Пониква. Место кое располага со пешачки и велосипедски патеки каде гостите можат да прошетат и да се рекреираат.

Главните причини да ја посетите пониква се: Чистиот воздух, добрата местоположба и пријатниот амбиент. Кајак.мк ве запознава со вилата Романoви, која може да ја изнајмите цела.

Покрај чистиот воздух Пониква нуди и ред други можности за уживање и релаксација. Тука се мисли пред сѐ на пешачките патеки, 16 километарските долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”, скијачките терени кои во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени за почетниците кои се уште учат да скијат.

Вилата Романови се наоѓа на одалечина од околу 100 метри од скијачката стаза број 1 и околу 500 метри од скијачката стаза број 2.

Вилата располага со Wi-Fi, приватен паркинг, опремена кујна во која има се што е потребно.
Сопствениците ги сместуваат гостите. Одјавувањето и најавувањето во вилата е во договор со сопствениците.

Вилате се наоѓа во центарот на Пониква, а кога навечер е чисто небото, сјае светлината од Скопје, Куманово, Пробиштип и свети Николе, што ви интересна ориентација во просторот.

Вилата располага со четири спални соби, кујна, 2 тоалета, дневна соба и голем двор. Максимум капацитет е до 10 лица, а цената од една вечер е 4500 денари. Вилата може да ја резервирате на 078 230 929

Повеќе информации за вилата  може да најдете со еден клик ОВДЕ.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.