04.05.2020

Aвиокомпании кои ги зголемија своите такси за багаж во 2020 година

Aвиокомпании кои ги зголемија своите такси за багаж во 2020 година

Голем број авиокомпании ги зголемија таксите за багажот од почетокот на 2020 година, а експертите за патувања се прашуваат дали повеќето ќе го следат овој тренд, бидејќи индустријата се обидува да се опорави од ефектите на пандемијата COVID-19. 


Several airlines have raised their baggage fees in 2020 © Klaus Vedfelt via Getty Images

Американ ерлајнс неодамна ги зголеми своите трансатлантски такси за багаж од 60 долари (54,82 €) за еден правец или на 75 долари (68,52 евра) за лицата коишто патуваат во економична класа. Ова стапи на сила на 21-ви април. Трошоцивте за втора торба остануваат на 100 долари (91,36 €), додека третата и четвртата торба се непроменети и остануваат 200 американски долари (182,73 €) за сите трансатлантски патувања. Таксата за багаж за домашни летови останува 30 долари (27,41 €) за првата торба.


A number of airlines have increased their baggage fees since the start of 2020 © Mongkol Chuewong/Getty Images

Претходноова година, нискобуџетската авиокомпанија JetBlue Airways од 16-ти јануари ја зголеми цената на првата торба од 30$ (27,41 €) на 35$ (31,98 €), а втората торба од 40 долари (36,55 €) на 45 $ (41,11 €).

„Јунајтед ерлајнс“ тогаш одлучи да го стори истото почнувајќи од 6-ти март, наплаќајќи 35 долари (31,98 €) за прва торба и 45 долари (41,11 €) за втората торба.


ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: 

Зошто треба да ги подигнеме затворените капаци на прозорецот на авионот пред слетување?


Сепак, и за JetBlue и Јунајтед, зголемувањето од 5 долари може да се избегне ако таксата се плати преку интернет чекирање на билети. 


A record $5.1 billion in US baggage charges were generated from April 2018 to March 2019 © Maurizio Milanesio/Shutterstock

Надоместокот за багажот сочинува 3% од вкупниот приход на сите авиокомпании, иако процентот варира во зависност од авиокомпанијата. Со оглед на тоа колку се затекнати авиокомпаниите од пандемијата COVID-19, останува да се види дали и другите авиокомпании ќе одлучат да ги зголемат таксите за багажот.


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


Turkish Airlines го продолжува прекинот до 28-ми мај


Се подготвуваат нови правила за авиопревозот





Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија