28.04.2022
Засадени нови 400 дрвца во пресрет на „Ден на планетата земја“
Засадени нови 400 дрвца во пресрет на „Ден на планетата земја“
Во пресрет на „Денот на планетата Земја“ засадивме нови 400 дрвца заедно со водечкиот глобален снабдувач за автомобилскиот пазар „Аптив“ кој се покажа како добар иницијатор и донатор на нови дрвца.
Тимот на Кајак е среќен што оствари соработка со компанија чие седиште се наоѓа во тешнолошко индустриската развојна зона „Бунарџик“,, а која е прва компанија со седиште во ова развојна зона штосе приклучува на нашите акции. Сигурни сме „Аптив“ ќе биде добар пример и поттик за останатите компании од зоната да размислуваат еколошко и да се приклучат во еко семејството на Кајак.

Нам нѐ радува фактот дека компанијата има план и програма која предвидува нови акции за пошумување, што значи дека идејата за една поубава животна средина продолжува да живее и да се имплементира на терен, а кога сме веќе кај теренот, треба да им истакнеме голема благодарност на „Национални Шуми“ кои се отворени за соработка, координација, консултации и помош при садењето.

По акцијата за пошумување, го посетивме излетничкото место „Бел Рај“. Дождот не ги спречи вработените да ги уживаат стрмните карпи и да ги истражуваат убавините на „Стара река“.

Дождот кој врнеше за време на ручекот ни даде една гаранција дека засадените дрвца ќе се вивнат високо, а исто така дождот му даде живот на нашето ново пријателство со „Аптив“ и вработените на компанијата кои покажаа како треба да изгледа едно вистинско колективно еколошко патување.

Со ова акција ние ја заокружуваме пролетната сеидба и ги информираме заинтересираните компании дека со акции за пошумување продолжуваме на есен.

За нашите читатели и патувачи кои досега не се соочиле со „Аптив“, треба да знаат дека ова компанија е лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 за производство на најнова технологија на модул за возила кој се вградува низ Европа и за соработка со другите капацитети во регионот за да се обезбеди ефикасност и флексибилност за клиентите.
Во декември, 2015 година ,,Аптив” донесе одлука да инвестира во фабрика во Македонија.
Повеќе фотографии можете да погледнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.