17.11.2023

Јас сум еден од првите производители на мед со тартуф во Македонија

Јас сум еден од првите производители на мед со тартуф во Македонија

За да станете ловец на тартуфи во Македонија не е потребна само желбата, туку овде зборуваме за нешто многу повеќе, а тоа е трпението и упорноста. Ловот на тартуфи пред се е хоби, љубов кон планината и природата, желбата да бидете физички активни во слободното време и желбата да ја искористите природата на начин на кој таа заслужува.

Денеска тимот на Кајак.мк ве запозава со уште еден локален херој кој го отвори својот свет за Кајак.мк и ја раскажа својата приказната за неговите почетоци и за неговите производи кои денеска ги продава на пазарот. Неговиот мед со тартуф за кој денеска пишуваме можете да го нарачате преку бакалницата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.


Јованче вели дека уште како дете во секое слободно време од денот собирал печурки, нешто што нему му претставувало огромно задоволство. Со текот на времето истражувал за печурките и дошол до информација дека постојат подземни печурки кои се многу ретки и се бараат најчесто со помош на дресирани кучиња, а тие печурки биле тартуфите.


Желбата да пронајде тартуф кај него растела од ден на ден. Окупиран од желбата да прерасне во ловџија на тартуфи, Јованче одлучил да купи кученце кое подоцна ќе го дресира во лојален партнер во потрагата по “црното злато“. По долгиот процес на дресирање, посветеност и трпеливост, Јованче се впушта во потрагата по македонски планински тартуфи.


Јованче вели дека тартуфот го бара низ планинските и ридските делови низ Македонија, а покрај тартуфот тој се занимава и со пчеларство што му дава извонредна можност да ги комбинира двата производи во едно доста здраво, вкусно и корисно залче. Затоа, денеска тој е познат кај своите блиски по медот со тартуф кој го произведува. Интересот за мед со тартуф е голем, а со тоа расте и неговата побарувачка која го докажува квалитетот на овој производ, вели Јованче.

Неговиот производ можете да го погледнете во бакалницата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.