05.10.2020

Резервирајте шармантна традиционална македонска куќа со поглед кон Радика

Резервирајте шармантна традиционална македонска куќа со поглед кон Радика

Во селото Јанче, со векови наназад, традиционалните македонски куќи се реновираат од страна на локалното население, користејќи локални камења, дрва и еспертиза од локалните стари чувари на тајната за шармот на куќата. Кајак.мк како еко дестинација ви го препорачува ова село кое е идеално да посета во секој месец од годината. Не заборавајте да си понесете хариена вреќа за отпадоци доколку се одлучите да пешачете низ шумата. 

Ова куќа која можете да ја резервирате е една од тие. Radika View House е доста уникатно сместувачко место кое на GOOGLE REVIEW е оценето со 4.8 оценка. 

Внатрешнота на куќата е едноставна и пријатна. Има комплетно опремена кујна со камин, дневна со ба со многу удобра софа, спална соба и бања со туш.

Креветото и кујната се изработени рачно, а многу од предметите исто така се дело создадено од раката на човекот. И покрај тоа што куќата е одамнина, сепак таа има Wi-Fi (Да се насмееме).

Во текот на летниот период гостите може да ја користат градината за медитација или за скара. Во зима, можете да купите огревно дрво и да го користите отворено ложиште во кујната.

Без разлика кој период од годината ќе се одлучите да ја посетите ова куќа, јужниот поглед од терасата кон долината на река Радика е феноменален во секоја сезона.

Што би требало да знаете: Манастириот Св Јован Бигорски е оддалечен на 5 километри, Галичник е на 50 километри возење, а 5 километри пешачење, Ростуше е на 4 километри, Дебар на 16 километри. 

Од Скопје до самата вила има 118 километри. 

Региоонот нуди повеќе автентични туристички атракции. Близу јанче се наоѓаат и водопадот Дуф, манастирот Свети Јован Бигорски, мостот Елен скок на Тресонечката река и глацијалното езеро Локув. Секоја година во селото се одржува фестивал на питата, каде што се собираат вештите кулинари од сите околни села во реканскиот крај и се натпреваруваат кој ќе ја подготви највкусната пита.

 Освен што ќе се наситите од убавината на штедро надарената природа и освен што ќе ѝ се нагледате на бистрата и брза Радика, мора да го вкусите чајот од планинските билки и да го вкусите мавровското сирење од непастеризирано млеко. И, секако, да се опуштите под прекрасното ѕвездено небо.

Radika View House можете да ја резервирате на: +39 348 338 4551


САКАТЕ ВИНО И ПОГЛЕД КОН ОХРИД? ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА: 

Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален есенски поглед



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?