14.04.2021

Организираме адреналински зимски тури во Македонија кои добиваат се поголем интерес

Организираме адреналински зимски тури во Македонија кои добиваат се поголем интерес

Надвор е април, а нас во душата ни е лето. Помина уште една зима со затворени граници, ограничени патувања, пандемија и протоколи. Ни доаѓаат топли денови, а тоа ни дава топла надеж дека границите ќе започнат да се отвараат.

Со стартот на вакцинирањето, преговорите за издавање на зелени пасоши, па се до изјавите на повеќето експерти дека на пандемијата и се гледа крајот, сите ние кои сме дел од туристичиот сектор гледаме светлина на крајот на тунелот и се подготвуваме да му се вратиме на стариот добар начин на функционирање.

Фото: Shalev Cohen

Македонија е веќе подготвена за странските туристи, но и македонските туристи со нетрпение чекаат да ги посетат омилените светски дестинации.

Кога сме пак кај омилените дестинации, Македонија е меѓу омилените преку цела зима и ја посетуваат доста туристи кои се љубители на адреналинските спортови. Па кога веќе дојде крајот на уште една зимска сезона, ние стапивме во контакт со SharOutdoors, луѓето кои се меѓу најдобрите организатори на планински тури со скијање по диви стази. 

Тие се подолго време присутни на македонските планини. Агенција која нуди тури од областа на free ride скијање со ратрак (cat skiing), ski touring и од минатата летна сезона E-MTB или планински вепосипедизам со електрични велосипеди.

Скијањето со ратраци го организираат на падините на Шара. Стартната точка е Попова Шапка и оттука навлегуваат длабоко во планината. Ski touring или Split Boarding организираат на секоја планина во регионот која има услови за ваков спорт.

За успешна тура, треба да се има добар и искусен тим. SharOutdoors има обучени и искусни водичи кои секогаш ќе ве однесат на местата кои имаат најповолни услови за спортување. Ние ќе ве запознаеме со еден од многуте cool момци кои се одговорни за целокупната организација.

Нашиот тим разговараше со Михаил, човекот кој уште во првата реченица ни го потврди нашето мислење, а тоа е дека Македонија има огромен потенцијал за развивање на адреналинските зимски спортови.

Македонија е планинска и изобилува со врвови, долини, реки, езера и пасишта каде има многу што да се посети, вели тој. Според него, интересен е фактот што и покрај тоа што нашата земја е толку мала, има толку многу работи кои може да ги понуди на туристичкиот пазар.

Сезоната која помина, SharOutdoors ја исполни претежно со туристи од Македонија и регионот. Михаил вели дека во последните години дефинитивно е забележан раст на интересот кај македонските туристи кога станува збор за авантуристички спортови. Тоа може да го согледаме преку побарувачката на outdoor опрема, зголемената продажба на ски опрема и велосипеди наменети за турно скијање или планински велосипедизам.

Исто така, радува фактот што се организираат се повеќе собири во адреналински спортови. Расте и интересот кај индивидуалците да организираат тури или пак да организираат курсеви за почетници.

Според SharOutdoors, луѓето се задоволни од тоа што им се организира. Михаил вели дека ако има незадоволни туристи, тогаш незадоволството доаѓа од преголемите очекувања кои ги стекнале од видеозаписите и фотографиите презентирани по социјалните мрежи, а кои се направени да привлечат внимание, но не и да ја покажат реалната слика.

Искрен кон сите кои во моментот го читат ова, Михаил вели дека не секогаш може да се најдат идеални услови на планина. Временските услови на планината се менуваат постојано и секој треба да е подготвен на тоа. Негов совет е секогаш да го правите она што го сакате, без да очекувате дека се ќе биде одлично, бидејќи како што вели тој нештата што ги сакаме носат и разочарувања.

На прашањето пак кои места во Македонија се меѓу омилените за SharOutdoors, Михаил вели дека Македонија е воглавно прекрасна земја и дека тешко е да се зборува на ова тема. Тие како агенција оперираат на територијата на Шар Планина, Кораб, Бистра и Охридскиот регион. За нив како добри локации може да се истакнат Голем Кораб,  цел Охридски регион заедно со Јабланица и Галичица и секако нивниот дом Шар Планина.

SharOutdoors соработува со многу агенции кои организираат FreeRide тури. Имаат искуство со земји од цела Западна Европа, а во контакт се и со американскиот и австралискиот пазар.

Според нив, странските туристи за разлика од домашните имаат многу поголема доверба во професионалните водичи и во препораките кои им се предлагаат за време на турите. Имаат надеж дека наскоро ќе може пак да бидат со редовните туристи од Белгија, Шведска, Холандија, Обединетото Кралство и Германија.

Од минатата година SharOutdoors започнаа и со летна понуда. Организираат планински вепосипедизам со електирчни велосипеди кои дозволуваат и не толку физички активни туристи да може да поминат една тура од 30-40 километри и да уживаат во планината.

Од друга страна, организираат и планинарски тури во Македонија, Косово, Албанија и Бугарија. 

Остави Коментар

Коментари

  • Darko Spasenoski

    14.04.2021 16:39

    Makedonija e edna od najbogatite zemji so planinski predeli, steta sto ne e razvien turizmot za vakvi sportovi, planinarenje,skijanje, snowboard i drugi razni sportovi sto mozat da prosepriraat vo mk i da donesat mnogu turisti, treba da se obrni poveke vnimanie na ovie sportovi za mladite nie da ima kade da gi pominuvame slobodnite denovi.Treba da se vlozi vo turizam niz Makedonija!

Прочитајте повеќе

Винските региони на Македонија: потенцијал за викенд туризам

Истражете го потенцијалот на винските региони на Македонија за викенд туризам. Откријте како природата, културата и локалната гастрономија создаваат автентични искуства за кратки патувања.

Дониравме 350 килограми храна за бездомни кучиња и ја реализиравме првата тура со бездомни кучиња на нашиот нов тим билдинг со Singular

Тим билдинг преку кој Дониравме 350 килограми храна за бездомни кучиња и ја реализиравме првата тура со бездомни кучиња

Тим билдинг на компанијата Immomates исполнет со многу предизвици и забава

Тимот на Кајак.мк повторно покажа дека тим билдинг настаните можат да бидат искуство за паметење!

Запознајте ја Верица - локалната хероина што создава чуда од епоксидна смола

Kajak.mk ги поддржува локалните херои кои со труд и креативност создаваат вредност во заедницата. Верица е една од нив – сметководителка по професија и уметник по душа, која со епоксидна смола создава уникатни предмети.

Зошто да изберете локален водич за вашите авантуристички излети во Македонија

Откријте зошто локалниот водич е незаменлив за авантуристички излети во Македонија. Безбедност, скриени патеки, културни приказни и максимално искуство за вашата тура.

Тим билдинг како стратегиска потреба: зошто современите компании не можат без него

Откријте зошто на секоја компанија ѝ е потребен тим билдинг и како професионалната организација на тим билдинг во Македонија може да ја зајакне комуникацијата, мотивацијата и културата во вашиот тим.