31.03.2023

Balko Crafts: Од страст до експанзија на креативност

Balko Crafts: Од страст до експанзија на креативност

Последниот работен ден во неделата го посветуваме на една млада хероина која за тимот на Кајак.мк е пример кој треба да го следаат сите млади во Македонија. На нашиот список на луѓе кои прават мали нешта од огромно значење за развој на туризмот ја додаваме Јована Балкоска, девојката која стои позади брендот Balko Crafts.

Јована ни ја раскажа својата приказна за настанокот на Balko Crafts, кој денес е бренд што ги разубавува секојдневните моменти на многу луѓе во Македонија.


За Кајак.мк вели дека приказната за Balko Crafts ја започнува пред три години, предводена од нејзината љубов кон креативноста и желбата да шири радост преку нејзините рачни изработки и накит. Сѐ започнало како предизвик, со цел да дознае колку далеку може да ја однесе нејзината креативност преку производите кои ги изработува за нејзините клиенти.

„Од тежок почеток, со само една или две нарачки, како што минуваше времето исполнето со труд, љубов и упорност мојот бизнис стекна поголема популарност, при што заинтересираноста за накитот, приспособените цртежи на торби, чаши и други додатоци што ги нудам, вртоглаво порасна“, вели Јована и додава дека секое парче е направено со грижа и внимание на деталите, осигурувајќи се дека секој клиент ќе добие нешто што е навистина уникатно и прилагодено на нивните преференции.


За неа, вистинското задоволство од водење на овој бизнис доаѓа од радоста што ја предизвикува кај клиентите. Секогаш е инспирирана од нивните повратни информации и критики што ги добива и тоа ја мотивира да продолжи да ги поместува границите на креативноста. Вели дека секое произведено парче е нов дострел за неа.

Јована вели дека ќе продолжи да истражува нови техники и материјали, како што тоа го прави досега. Секогаш бара начин да вметне новитети во работењето кои ќе и помогнат да ја прошири својата креативност.


„Без разлика дали преку испробување на нови дизајни или експериментирање со различни материјали, јас постојано учам и растам како уметник. Balko Crafts за мене е повеќе од само бизнис, тоа е одраз на мојата страст за креативност и мојата посветеност. Секоја нарачка ми дава можност уметнички да се изразам и да внесам малку радост во нечиј живот. Навистина е чест да можам да го правам она што го сакам и да го споделам со другите“, вели таа.

Производите на Јована можете да ги погледнете и да ги купите преку „Бакалницата на Кајак“. По секоја нарачка ќе бидете дирекно контактирани од Јована за деталите и дизајнот. Повеќе информации можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!