05.04.2021
Патував сама и пеш од едно во друго македонско село бидејќи сум заљубена во ова што го правам
Патував сама и пеш од едно во друго македонско село бидејќи сум заљубена во ова што го правам
Пандемијата ги затвори сите врати на нашите омилени кафулиња, но ни ги отвори вратите кон нови светови. Таа не натера да го истражеме тоа што сме го имаме дома и да станеме деталисти. Полека почнавме да се заљубуваме во помалите градови и села, да истражуваме како живеат мештаните и да каснеме од тоа што тие го јадат.

Нашето мото „Бидете туристи на начин на кој локалното население живее“ го живее своите убави денови во Македонија, а се надеваме дека годинава ќе го прошириме и надвор од нашите граници.

Среќна што многумина започнаа да се интересираат за селата е и Кристина Паскоска, која со ова се бави веќе долкго време. Кристина ги запознава своите следбеници со историјата и духот на селата во Македонија. Дипломира како етнолог и антрополог и за себе вељи дека е заљубена во природата, танцот и музиката. Нејзината приказна за идејата со патописите ја поврзува со љубовта кон Македонија и антропологијата.

За себе вели дека ја доживува Македонија како мозаик составен од: природа, народи, религија, народни обичаи, музика, танци, уметност, просвета, фолклор итн. Како дел од богато развиеното културно нематеријално и материјално богатство. Нешто што вреди да се штити, да се чува, одржува и на вистински начин да се сака. Во неа се исткаени планини, чист воздух-полни гради свежина, реки, извори, природни езера, развиен биодиверзитет, извезани ливади со разнобојни мириси и цветови.

Кристина ја
вреднува плодната земја,
развиеното земјоделство,
сточарство, полјоделство, хортикултура. Нејзината цел е да посети што е можно повеќе места во државата и да ги
раскаже на начин на кој таа ги доживува.
Додава дека Македонија има интересни села и градови, кои се приказна за себе и преку нив дознаваме за автентичноста на нашата земја во минатото и сега. Секое село и град, нанижано како бисер ја разубавува секоја нејзина страна. Нивната местоположба, богатата архитектура, историја, природа, секое сокаче, калдрма создава поезија.

Од досегашното нејзино искуство, смета дека постојат повеќе начини за промовирање на селата. Од изработување на една статистичка табела до нивно сместување по категории. Пример: некои од луѓето сакаат кога им се раскажуваат преданија, митови, легенди и интересни приказни поврзани со селото за кое станува збор, вели Кристина.

На нејзиниот блог https://mekammk.wordpress.com/ можете да најдете многу интересни приказни за многу места во Македонија. Таа ги опишува сите детали со што ја лови душата на селото. Раскажува дека имало многу интересни патешествија и авантури од нејзиното теренско истражување. Ги потенцира истражувањата кои ги правела во Преспа, каде сама поминувала километри од едно во друго село и сето тоа пеш.

Се сеќава кога
била сместена во селото Долно Дупени и од каде се упатила кон селото Љубојно
преку скратен пат, кој го носи називот Рудина. Овој пат таа го поминала пеш и сама.
При влегувањето
во селото, барајќи соговорници, еден од мештаните ја прашал како стигнала до
селото, а таа одговорила сосем сама и пеш. По што тој поставил прашање: Па како едно девојче оди сама, зарем не се
плаши, а нејзиниот одговор бил: „Јас сум Антрополог. Тогаш се здобивам со моќи на супер херој“.
Нејзиниот сајт можете да го посетите со еден клик овде: https://mekammk.wordpress.com/
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.
10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее
Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.
Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови
Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.
Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации
Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.
Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина
Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.