26.10.2020
Побрзајте, на Галичник имаат есен!
Побрзајте, на Галичник имаат есен!
Кајак ве води низ есенските планински шаренила. Замислете да сте на велосипед по некој планински пат, а од вашата лева и десна страна да ве следат жолта, портокалова, темно црвена и надежна зелена боја?
Запознајте ја Катерина која ги овековечува убавините на нашата земја. Таа воедно и ги советува туристите за тоа кој период е најсоодветен за одредена туристичка дестинација. За месец октомври и ноември нејзина препорака е Галичник. Особено за љубителите на добрата фотографија како што е таа, но и за патниците- уметници во душа. На својот инста профил @topuzovska таа на својот инста профил @topuzovska го раскжува Галичник кој е убав во октомври. Како што ни објасува, чекала убав ден на крајот од месецов знаејќи дека шумата ќе биде во боите на есента и идеална за фотографирање.
Нејзината фото тура која ја препорачува на сите е со старна точка од Царевец, место кое е на патот накај Галичник, а од каде се гледа и Мавровското езеро,а надоле има убав поглед кон стариот пат.
Со пристигнувањето во Галичник се качувате малку погоре (доколку не е врнежливо не сте обврзани да се движете по асфалтниот пат). 
Од горе убаво се гледа целото село и ако е убав денот боите се гледаат преубаво. Секако покрај главната црква во средина на селото убаво е да се види и малата црквичка Св. Петка (таа се наоѓа на патот за накај ресторанот Неда). 
Секако ручек во Неда со убав поглед. Ако сакате друг стил на слики од Галичник има преубави места после Неда, на патот накај селото Јанче каде што одлево се гледа Галичник а десно се другите села што се наоѓаат под врвот Крчин.
Сакате уникатно сместување на Галичник? Хотелот Тутто ја има една од најдобрите локации во Македонија
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
