09.04.2021

Започнавме со 12, а сега имаме 40 соби за сместување во Охрид

Започнавме со 12, а сега имаме 40 соби за сместување во Охрид

Ни доаѓаат топлите денови кои се идеални за патување. Сонце, плажа, крем за сончање и наочари.

Во пресрет на овие топли денови, тимот на Кајак.мк ве советува да започнете со размислување за тоа каде би можеле да прошетате во месеците април и мај.


Град кој не смеете да го исклучите од пролетната листа на дестинации е Охрид. Без разлика на тоа колку пати и да сте биле досега, овој град ќе најде начин да ви понуди нешто ново и интересно.

Хотелите се подготвени за предизвиците од новата летна сезона, а вработените веќе со стекнато искуство од минатата година.


Ние сме среќни што од денеска во нашата база на приватни сместувања е додаден хотелот Чинго. Хотел со одлични коментари од гостите. Доволно е да ги прочитате рецензиите кои им ги пишуваат гостите и ќе сфатите за каков објект станува збор.

Хотелот е отворен во 2001-та година. Постојано се приспособува на потребите на гостите, но и постојано го зголемува својот сместувачкиот капацитет.


Ние ја контактиравме Елена, која е дел од тимот на хотелот Чинго. Таа ни раскажува дека хотелот има поминато прекрасни денови. Во него се испишале многу интересни приказни, а самиот персонал е секогаш расположен за нови пријателства кои траат долги години. Елена вели дека хотелот започнал со 12 соби, а сега има вкупно 40. Тоа говори на трудот кој го вложуваат менаџерите во својата работа.


Хотелот има и добра кујна. Почнувајќи од појадокот кој во зависност од бројот на гости е претежно на шведска маса, па се до вечерата која опфаќа специјалитети на куќата. Хотелот подготвува и традиционални јадења како би го задржал автентичното македонско. 


Локацијата е идеална за туристи кои имаат за цел да го истражат градот. Со самиот факт дека хотелот се наоѓа на почетокот на старата чаршија, може да се потврди дека сите значајни знаменитости како Канео, Античкиот театар кој е на само 150 метри од хотелот, Самоиловата тврдина и ред други се на дофат на гостите. 

Повеќе информации, фотографии, како и контакт за резервација можете да погледнете со еден клик ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!