17.11.2021
Мојот занает ми дава слобода да се изразувам на мојот јазик
Мојот занает ми дава слобода да се изразувам на мојот јазик
Тимот на Кајак ќе одвои убави страници за нови приказни преку кои ќе ве запознаеме со локалните херои кои својот живот го посветиле на занаетчиството. Ова гранка за нас е доста приоритетна, особено ако се земе предвид влијанието кое занаетчиството го има врз развојот на туризмот во Македонија.

Наша цел во месец декември е да ги вклучиме сите локални занаетчии во нашите предновогодишни програми кои ќе ги организираме за приватните компании, а преку кои настани учесниците ќе научат како да изработуваат уникатни предмети или накит, кои истите ќе ги донираат на луѓето во Македонија кои заслужуваат насмевки.

Ваквиот начин на организирање предновогодишни настани ќе биде од огромно значење за занаетчиите, за туризмот и за сите локални херои кои заслужуваат внимание од сите нас. Овде се медицинските лица кои се борат против пандемијата, пензионерите, децата без родители, лицата кои напорно работат и ред други групи кој секој мал гест ќе ги направи среќни. Затоа доколку сте заинтересирани како компанија да добиете понуда за предновогодишно патување, кликнете ОВДЕ.

Денеска ќе ве запознаеме со Славко Баче чија приказна ќе
може да ја доживеете во неговата работилница во Охрид. Славко е познат по
неговата „Bache Hand Made“ работилница каде произведува дрвени украси и играчки за деца.
Тој вели дека од мали нозе бил заинтересиран за начинот на кој функционираат старите алати кои ги користеле неговите предци. Низ неговото детство учел како да изработува дрвени производи, но конкретно и посериозно со пософистицирани алатки започнал да работи последните 5 години.

Слободата на создавање и изразување е нешто најпривлечно за еден
човек. Тоа е исто како растот на едно дрво во склад со околината, а ваквата
слобода го поттикнала да се вложи длабоко во занаетот.
Основите на занаетот ги научил од неговиот татко Сашо, а сега секојдневно се надоградуваат со
различни експерименти и практчна работа. Од многуте успешни експерименти кои ги
има создадено особено драга му е првата скулптура „Архаична свежина“ која е изработена
од корен на стар багрем.
Сега се повеќе се фокусира на изработка на играчки за деца, почнувајќи од дрвени автомобили, камиони, сложувалки, но и по некоја ноќна сијалица од лејки.

За да се изработи уникатен предмет или играчка процесот не е
баш едноставен, вели Славко. Се започнува со планирање, цртање и одредување на размерот.
На почетокот треба да се биде доста внимателен и да се предвидат сите движења и
наредни чекори.
По утврдената постапка за работа, започнува припремата на парчето дрво адекватно за дадениот проект, а потоа следува сечење на деловите и склопување на продуктот. Сето ова завршува со фино шмирглање и заштита на дрвото.

Работилницата на Славко е сместена во стариот дел на Охрид на патот кон црквата Св. Јован Богослов - Канео. Ова локација му овозможува редовен контакт со туристи, за кои Славко вели дека го стимулираат да продолжи да се вложува во работата.

Искуството како туристички водич кој го стекнал во изминатите години му ја дава потребната енергија да го пренесе своето знаење на посетителите кои ќе скршнат во работилницата.

Славко завршил средно образование во Охрид, а на факултет се запошува во Софија. Љубовта кон родниот крај го потикнала да се врати и да се
вложи во туризмот дома. Денеска, негова најголема поддршка се фамилијата, а
најмногу неговите деца. Секоја нова произведена играчка за нив е нова радост.
Доколку сакате да стапите во контакт со Славчо, посетете ја
нашата база „Каде Овде“ или кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Petrovska Vesna
17.11.2021 15:31
Prekrasno, ona shto kako talent se vpishalo vo edno bitie treba da se neguva, razviva i nadograduva. Samoto toa po sebe ragja ljubov, plemenitodt i empatija, ednostavno go menuva chovekot samo na podobro. Zanaetchistvoto kako i ovaa akcija treba da se podrzuva na sekoe nivo. Ohrid od sekogash bil izvor na nadareni lugje koi darbata ja prestorile vo zivotna profesija(zanaet) i pokraj prirodnata ubavina, unikatnite zanaeti isto taka go pravat Ohrid edinstven. Ushte ednash pozdrav i podrshka za vakvite idei i za vrednite race na umetnicite, zoshto zanaetchistvoto e umetnost.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Автентични приказни од Македонија – гласот на локалците што градат туризам
Приказните на локалните домаќини се срцето на туризмот во Македонија. Kajak.mk ги повикува сите што создаваат со љубов да ни ја испратат својата приказна и да ја споделат со светот.
Како да ги искористите последните сончеви денови во Македонија
Македонија во есен. Искористете ги последните сончеви денови за патување, природа и тишина. Kajak.mk ви предлага каде да го почувствувате најубавото од сезоната.
Есенска магија на пазарите во Македонија: мирис на костени, ајвар и насмевки
Откриј ја убавината на есенските пазари во Македонија – шарени тезги со тикви, пиперки за ајвар, костени и домашен мед. Приказна исполнета со љубов, традиција и локални вкусови.
Археотуризмот во Македонија – откријте го минатото додека уживате во природата
Истражете го археотуризмот во Македонија и доживејте ја историјата додека уживате во природата. Пешачки тури, авантура и автентични туристички искуства за сите возрасти.
Празнични денови – идеални за еднодневен излет низ Македонија
Искористете ги празничните денови за еднодневен излет низ Македонија. Откријте атракции, гастрономии и идеи за авантура на kajak.mk.
Кафе културата во Македонија – автентично искуство за секој турист
Откријте ја автентичната кафе култура во Македонија. Пробајте густо турско кафе, искусете го ритуалот на подготовка на песок во Старата скопска чаршија и почувствувајте ја душата на земјата.