13.05.2021

Мојата цел е да го поставам Лесново на гастрономската туристичка мапа

Мојата цел е да го поставам Лесново на гастрономската туристичка мапа

На само два часа од Скопје се наоѓа Лесново. Дестинација која мора дефинитивно да ја посетите ова лето. Посетете го Лесновскиот манастир, атрактивните пештери и етно ресторанот „Лесновска Куќа“.

Денеска разговараме со домаќинот Коцев, чиј ресторан подготвува храна на традиционален начин. Коцев вели дека останал да работи и живее во Лесново, оти смета дека може да помогне во развојот на туризмот во овој регион.


За Кајак.мк вели дека приказната започнала од етно куќа која е трансформирана во ресторан со одлични специјалитети и со прекрасен поглед кон манастирот.

Коцев е добро запознаен со областа, за која смета дека наскоро ќе влезе под капата на УНЕСКО. Со години ги проучува пештерите во регионот и вулканските камења.


Според него, доколку туристите поминат еден ден поминат во Лесново ќе научат битна лекција. За оние туристи кои се прашуваат како би го поминале денот во Лесново, Коцев вели дека може да започнат од посета на манастирот, а потоа да го посетат и локалниот музеј во кој ќе научат многу за животот на луѓето на овие простори.


Фото: mojportal.mk

„Туристите најмногу се заинтересирани за пештерите кои во минатото служеле како ќелии каде престојувале голем број монаси. Според преданието, тие настанале кога локалното население ископувало руда. Подоцна овие пештери биле населени од пустиножители и испосници, кои во овој крај ги имало многу, вели тој.


Фото: Google/Tosee - Own work

Во една од пештерите тихувал пустиножителот Гаврил Лесновски, за кој денеска има изградено манастир.

Овие пештери денеска служат како мали светилишта со многубројни икони од кои се шири пријатен мирис на темјан.


Фото: mojportal.mk

Коцев вели дека покрај историјата, Лесново е идеална гастрономска дестинација. Она по кое е препознатл неговиот ресторан е специјалитетот од јагнешко и овчо месо под сач. Според него, храната мора да биде подготвена на традиционален начин како би можело да се задржи автентичноста.


Од денеска, секој ќе може да резервира гастрономско доживување во „Лесновска куќа“. Ваквата атракција која ја организира домаќинот Коцев е дел од нашата база, а истата за истата ќе можете да дознаете повеќе информации ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.