07.11.2023

Предлог есенска викенд дестинација: Село Орман и прекрасната локална дестилерија

Предлог есенска викенд дестинација: Село Орман и прекрасната локална дестилерија

Локалните херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија ги има многу. Тимот на Кајак.мк има цел за време на постоењето на платформата да успее да ве запознае со сите оние кои вреди да ги запознаете и чии приказни им вредат да ги слушнете.


Таква дестинација на која има луѓе кои вредно работат и се вложуваат во туризмот е село Орман кое се наоѓа на 2 километри од Охрид. Селцето се наоѓа на падините на Чекоштина, на околу 1,8 километри од Охридското езеро во воздушна линија и на 684 метри надморска височина.


Во самото селце на површина од околу 7000 м2 се наоѓа прекрасната нова дестинација која тимот на Кајак.мк ви ја препорачува како задолжителна на вашата листа. Станува збор за Chateau Orman, уникатно искористен простор за одмор, престојување, дегустација на разни локални производи и вино.


Ние разговаравме со Наташа, жената која ни ги отвори портите за светот на Кајак.мк и ни раскажа како од една замислена за создавање на приватна агроцелина каде ќе се одгледуваат повеќе зеленчукови и овошни производи кои можат да бидат послужувани на гостите, па се до прекрасни уникатни соби за престој, оваа место прераснално во туристичка дестинација која ретко може да се сретне во Македонија.


Наташа вели дека поради тоа што се лоцирани покрај течението на реката Даљан или Костелската река го прави ова место уникатно за туристите. Самата околина со шумски предел нуди можност за прекрасна прошетка, поминувајќи низ месноста Чекоштина каде што има лозови насади и поглед кон охридското езеро. Во близина на сместувањето се наоѓаат црквите Св. Наум во село Орман и Св. Еразмо, а на 1 километар се повеќето познати плажи.

Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.