26.08.2021

За нас едрењето во Охрид е многу повеќе од една убава глетка

За нас едрењето во Охрид е многу повеќе од една убава глетка

Од неодамна започнавме со организирање на еко тим-билдинг патувања за компани кои вложуваат во мотивирање на своите вработени. Од друга страна пак, драго ни е што доста комапнии покажаа интерес да ги поддржат нашите локални херои преку своите колегијални патувања и да донираат во пошумување на регионите кои насрадаа од пожарите.

Доколку се уште не сте аплицирале со вашата компанија за тим-билдинг патување преку Кајак.мк, истото може да го сторите со еден клик ОВДЕ.


На листата на Кајак.мк додаваме уште едни локални херои со кои тим-билдингот може да биде многу поинтересен. Станува збор за клубот за спортско едрење „Меч Рејс Клуб“ од Охрид кој е формиран во март 2019-та година, се со цел да го промовира и развива едрењето како спорт, но и како активност која е достапна за сите вљубеници на активниот туризам.

Ние денеска разговараме со Славчо. Човекот кој преку развојот на едрењето како гранка од туризмот (наутички или спортски туризам) очекува да го развие оддржливиот туризам.


Во Македонија, за најголем дел од луѓето, едрилиците се само една убава глетка и ништо повеќе од тоа. За нас, едрењето е пред сѐ спорт, според многумина и екстремен кој нуди можност за спортување и рекреација на луѓето без разлика на возраст или пол, вели Славчо.  Додава дека никогаш не изостанува желбата за максимално уживање на утринското сонце или на зајдисонце, во случај да нема ветар.


Иако се формирани само пред две години, нивните цели се препознаени и поддржани од приватни фирми, од јавниот сектор и секако од многубројните луѓе кои се одлучиле да пробаат едрење. Среќни се што од минатата година околу 1.000 лица научиле што значи едрење, а уште посреќни што еден дел од нив покажаа интерес да се обучат и да продолжат да се занимаваат со едрењето.


Охридското Езеро нуди огромен потенцијал за развој на наутичкиот туризам, поради прекрасната природа и чистата вода. Источниот брег, во подножјето на планината Галичица е најубавиот предел за едрење, и не заостанува по својата убавина во споредба со најубавите предели на Јадранско, Егејско или Јонско Море. Звучи нереално, меѓутоа секој кој ги посетил овие места на Охридското Езеро сигурно ќе се согласи.


Да се научи да се управува со едрилица е лесно и потребни се седум до десет денови, меѓутоа да се научи да се едри потребно е повеќегодишен труд и посветеност. Разбирање на генералните метеоролошки принципи, локалната метеорологија, хидродинамика и аеродинамика, големи моторички способност, брзина во носење одлуки се само дел од вештините и способностите кои треба да ги поседува добар едриличар.


Тој ги поканува сите оние кои се заинтересирани да пробаат едрење да ги посетат во базата во каналот Студенчишта. Спротивно на генералното мислење дека едрењето е спорт за во лето, Славчо тврди дека едрењето е за преку цела година, а можеби и најмалку за во лето.

Додаваат дека пред нив е интересна есен и најавуваат организација и учество на неколку настани и натпреварувања.

Едрењето со „Меч Рејс Клуб“ може да го најдете и во нашата база „Каде Овде“ каде што може да контактирате дирекно со организаторите. Повеќе инфо со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.